Зошто се вцрвенуваме во лицето кога се срамиме?

Се вцрвенуваме во лицето најчесто кога се срамиме, на пример, кога ќе добиеме убав или неочекуван комплимент или кога ќе ја видиме личноста во која сме тајно вљубени, но зошто се случува ова?

Zosto se vcrvenuvame vo liceto koga se sramime 01

Според мислењата на научниците, црвенилото во образите, или лицето воопшто, е одговор на вниманието на кое сме подложни, некој во поголема, некој во помала мера. Интересен факт за црвенилото е дека, според научните истражувања, жените се повеќе ранливи на црвенилото отколку мажите.

Раскажано стручно, во ситуации кога сме возбудени се ослободува адреналинот, кој го забрзува дишењето и срцето. Потоа доаѓа до ширење на зениците, за мозокот да може да добие повеќе визуелни информации. Дигестивните процеси забавуваат, бидејќи целата енергија се насочува кон мускулите.

Поради адреналинот се шират крвните садови, за подобар проток на кислородот низ телото, како и вените, што предизвикува вцрвенување на лицето.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве потсетат колку е убав светот во којшто живееме (и ќе ве расположат) Дождлива ноќ во Сан Франциско, жирафи во Намибија, воз кој вози низ снег – некол...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
„Најубавата работа ми ја кажа маж на смртна постела и ме трогна“ „Мој пријател на смртна постела ми кажа: ‘Aко има начин како да те чувам од друг...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg