Црната мачка носи среќа
Кога црна мачка ќе ви го пресече патот во поголемиот дел на САД и Европа, ќе плукнете 3 пати затоа што верувате дека носи несреќа. Во Британија, црната...
...мачка се смета за среќа.
Секоја жена заслужува мал црн фустан и мала црна мачка, веруваат Британците. Црното е модерно, па така и црната мачка одговара со секој ентериер. Секогаш изгледаат чисто и егзотично, како мали пантери.
Британците се единствени кои заедно со јапонците и египѓаните веруваат дека црната мачка носи среќа. Затоа најчесто слики од црни мачиња се користат за разгледници и честитки со кои посакуваат среќа некому.
Шкотланѓаните исто така веруваат дека црна мачка на прозорец значи претскажување, но добро, и тоа најчест – пари на патот.
Црните капути во минатото се правени од црно крзно, што докажува дека темното крзно е поотпорно. Британците веруваат дека црните мачки се поотпорни на болести отколку мачките во други бои.
Fred Astaire, Winston Churchill, Ernest Hemingway, кралицата Viktoria, Charles I. се само некои од познатите кои имале црна мачка за милениче.
Црната мачка во минатото често се поврзувала со вештерките заради невидливоста во темница. Митот за мачките со девет животи доаѓа токму од нивното споредување со вештерките. Се верувало дека некои вештерки можат да се трансформираат во мачки точно девет пати.