5 неверојатни работи кои може да ги откриете само преку контакт со очите

Колку и да превртувате очи кога ќе го слушнете добро познатото „очите се огледало на душата,“ имајте на ум дека не треба да го игнорирате.

5-neverojatni-raboti-koi-moze-da-gi-otkriete-samo-preku-kontakt-so-ocite-01.jpg

Очите се највпечатливиот и воедно најискрениот дел од целото човечко лице и тело. Емоциите најлесно може да се прочитаат токму од нив.

Па, ако сакате да дознаете малку повеќе за лицето кое е спроти вас, само воспоставете контакт со очите.

Притоа, еве што може да откриете:

Контактот со очи може да ви открие дали насмевката е искрена

Кога еден човек искрено се смее, аглите од неговите очи се збрчкуваат. Доколку очите му се непроменети, а има насмевка на лицето – се работи за лажна.

Раширените зеници укажуваат на интерес

Кога сте заинтересирани за нешто или некого и гледате токму во таа личност или тој предмет – зениците се шират.

5-neverojatni-raboti-koi-moze-da-gi-otkriete-samo-preku-kontakt-so-ocite-02.jpg

Директниот, долг контакт со очи предизвикува возбуда

Иако во првите неколку секунди може да чувствувате непријатна тензија, сепак по неколку минутен, долг контакт со очите, докажано е дека се создава сексуална тензија и возбудата расте.

Контактот со очи е знак на љубов

Понекогаш, не ви е потребен разговор, ниту бакнеж за да кажете некому дека го сакате и ви значи. Контактот со очите е знак на љубов и луѓето многу често повеќе го ценат отколку сувопарно те сакам.

Контактот со очи може да ви открие дали некој лаже

Луѓето кои лажат додека зборуваат ќе се обидат нападно да ве гледаат во очите, бидејќи и самите тие се свесни дека зборовите не се доволно издржливи, па мораат да направат дополнителен гест со кој ќе ве убедат дека она што го кажуваат е точно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg