Кои се најопасните психолошки навики кои ја убиваат нашата самодоверба?
Дали се борите со сомнежите во себе и сакате да се чувствувате посигурно? Дали се фокусирате на задоволување потребите на другите, наместо на сопствените потреби и соништа?
Ова се најчестите и најопасните психолошки навики кои ја убиваат нашата самодоверба:
1. Чувство на вина
“Треба да изедеш сé, децата во Африка немаат што да јадат. Јас работам секој ден за ти да имаш што да носиш, а ти се жалиш. Во мое време...“
Сигурно ви се познати овие реченици. Се чини дека вината е емоција која често ја чувствувавме во детството. Како возрасни личности, овие пораки ги претворивме во чувство дека не сме направиле доволно.
Вината е корисна кога размислуваме дали направивме нешто за да ги повредиме другите луѓе. Но преголемата вина може да биде многу лоша за нашата психа. Учете од грешките и чувствувајте се достојни за сите добри работи.
2. Чувство дека постојано грешите
Кога на светот гледате низ призма на неуспеси нема ни да го забележите вашиот успех. Овој вид на размислување своите корени ги има во детството, т.е. растење со премногу строги и критични родители. Ова, исто така, може да биде резултат на разочарувања, како развод, високи долгови, недостаток на работа...
3. Перфекционизам
Ако самите на себе сте си најголем критичар, најверојатно сте перфекционист. Истражувањата покажуваат дека перфекционистите се повеќе склони кон депресија, анксиозност, па дури и самоубиство.
Престанете да ги гледате грешките како катастрофи. Поставете граници за да ја завршите вашата работа, не треба постојано да ги проверувате сите работи што ги правите. Секогаш гледајте ја пошироката слика.
4. Постојано жалење за нешто
Жалењето за нешто е негативна состојба која вклучува вина, чувство на загуба и тага за она што би можело да биде. Жалбата може да биде добра ако е конструктивна, ако ве натера да променете нешто во сегашноста.
Ако сте зависни од нешто (бонбони, алкохол), жалењето може да ви создаде лоша навика. Кога ја повторуваме непријатна ситуација во нашата глава, тоа предизвикува голем стрес.
5. Постојана споредба со другите
Многу често се споредуваме со луѓето кои се подобри или полоши од нас. Проблемот е што не знаеме што навистина се крие зад видливиот дел од животот на личноста со која се споредуваме.
Најдобрата споредба е споредба со самиот себе. Овој начин на споредба ги зема предвид вашите индивидуални можности и околности.
6. Задоволување на другите
Ова однесување произлегува од потребата да нé сакаат и почитуваат. Психолозите сметаат дека ова однесување ги има своите корени во детството, кога се обидовме да ги задоволиме нашите родители.
Задоволувањето на другите може да биде и резултат на голема чувствителност и страв од одбивање. Имајте на ум дека секогаш имате избор. Научите да балансирате помеѓу вашите потреби и потребите на другите луѓе.
Ашера | Црнобело