Дали е можно да се достигне бесмртност?
Бесмртноста е сонот на човекот, уште од епот за Гилгамеш, па сè до денешниот ден. Од постоењето на свеста за смртта постои желба истата да се надмине, но дали е тоа возможно? Дали луѓето еден ден ќе достигнат бесмртност?
Како што тврдат најновите истражувања, бесмртноста не е толку нереална желба. Научниците ветуваат дека сите оние родени по 1970-та година ќе имаат шанса да живеат вечно.
Се разбира, оваа привилегија би ја имале само богатите и познатите личности. Тие сметаат дека бесмртноста ќе ни ја овозможи нов, напреден, генетски инженеринг во комбинација со компјутерски симулации.
Ова ќе ни овозможи да ги обновиме поединечните делови од телото или да ја пренесеме нашата свест во виртуелниот свет. Техниката CRISP-Cas9 се смета за револуционерна во третманот на наследните болести, бидејќи прецизно ги менува одредените секвенци на ДНК. Тие ќе бидат подобрени до тој степен што ќе можат да создадат сосема нов орган од матичните клетки.
Од друга страна, еден руски милијардер е убеден дека технологијата ќе му овозможи да живее вечно, а бесмртноста ќе ја обезбеди со холограм. Неговата програма ветува дека до 2045 година целото холограмско тело ќе му биде подготвено.
"Сметаме дека е можно да се елиминира стареењето и смртта со надминување на основните граници на физичките и менталните способности. Пред 2045-та година ќе се создаде вештачко тело, помалку атрактивно од човечкото тело, кое ќе има совршен облик." – велат истражувачите.
Како што тврдат научниците, за бесмртноста можеби нема да ни треба каменот на мудроста или амброзијата на боговите. Од друга страна, во моментов постојат околу 500 различни теории поврзани со стареењето.
Досега, освен ветувањата немаме ништо. Човештвото сѐ уште е во потрага кон вечноста, но иако бесмртноста звучи примамливо, истата отвора нови прашања и проблеми. Каде сите ќе живееме и што ќе се случи со водоснабдувањето, храната...?
Ашера | Црнобело