Познати нерешени мистерии кои сé уште ги збунуваат луѓето

Повеќегодишни истражувања, спроведени од светските експерти, доведоа до создавање на листа на најголемите светски мистерии. Од хиероглифското писмо, до со изгубениот град Хелика, овие мистерии сé уште ги збунуваат луѓето.

poznati-nereseni-misterii-koi-se-uste-gi-zbunuvaat-lugeto-01.jpg

Многу луѓе слушнале за Велигденските острови (Рапа Нуи) кои се наоѓаат на Пацификот и за енигматичните џиновски статуи, но малкумина се запознаени со другата мистерија на овој необичен остров. Се работи за хиероглифското писмо ронго-ронго, напишано на дрвените даски, кое зад себе го оставиле жителите на островот.

Овие хиероглифи се состојат од симболи и геометриски форми, но никој не знае што содржат текстовите, бидејќи никој не успеал да ги преведе.

Poznati nereseni misterii koi se uste gi zbunuvaat lugeto 1

Кон крајот на вториот век, грчкиот патописец и историчар Паусаниј во своите дела опишал како гигантски цунами, во една ноќ, (373 п.н.е.) го уништил градот Хелика. Во оваа древна катастрофа немало преживеани.

Не постоела ниту една трага од овој град и цивилизација, надвор од древните грчки списи, сè додека еден археолог не пронајде бронзена монета со главата на Посејдон (во 1861 година), за која се верува дека потекнува од Хелика.

Poznati nereseni misterii koi se uste gi zbunuvaat lugeto 2

Секој знае за Стоунхенџ, но сте слушнале ли за Карнак? Оваа локација се наоѓа во северозападниот дел на Франција. Тука можат да се видат над 3.000 мегалити - гигантски камења, распоредени во совршена авенија, долги 12 километри и широки 100 метри.

Се претпоставува дека староста на менхирот е околу 6,7 илјади години. Според легендата секој мегалит е всушност римски легионер, претворен во камен од страна на волшебникот Мерлин.

Poznati nereseni misterii koi se uste gi zbunuvaat lugeto poveke

Римската Империја, во 54 век п.н.е., ја испратила војската во територијата на денешната Сирија. Седум римски легии го преминале Еуфрат и постигнале голема победа. Меѓутоа, во мај во 53-та година п.н.е., Римјаните биле поразени. Триесет и три години подоцна, по воспоставувањето на мирот, преживеаните заробени легионери се вратиле во Рим.

Меѓутоа, по пристигнувањето дома, сфатиле дека никој од Првата Легија (околу шест илјади војници) не се вратил. Целата легија, како што забележале хроничарите, исчезнала во воздухот на патот од Сирија до Италија, а ниту еден од 15.000 легионери не забележал дека нивниот број се намалува со секој поминат километар.

Poznati nereseni misterii koi se uste gi zbunuvaat lugeto 4

Последната мистерија се однесува на потрагата по легендарниот крадец - Робин Худ. Историчарите имаат идентификувано голем број потенцијални кандидати. Еден од нив е јоркширскиот бегалец, Роберт Худ, роден во Вејкфилд.

Потрагата кон вистинскиот Робин Худ го комплицира фактот што името Худ стана синоним за сите одметници. Поради овој факт, до ден денес, никој не може со сигурност да каже кој навистина бил познатиот крадец.

Poznati nereseni misterii koi se uste gi zbunuvaat lugeto 5

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg