10 чекори за самомотивација

10-cekori-za-samomotivacija-povekjeСите знаеме колку понекогаш е напорно да се натераме на работа и учење. Краток лек е да оставите се на страна и да се опуштите без да претерате.

 

Ова се 10 совети кои може да ја поттикнат мотивацијата да работи за вас:

10-cekori-za-samomotivacija

1. Добрите одлуки бараат конкретни планови. Со тоа вашите првобитни намери ќе станат цврсти цели, а кога целите ви се познати полесно и ќе ги остварите.

2. Не сонувајте, започнете! Планирањето е задолжително, но пасивно планирање нема да ве одведе никаде. Започнете со реализација колку можете побрзо.

3. Не планирајте краткорочно големи работи. Тоа ќе ве умори уште пред да се фатите за работа. До вашите цели чекорете со мали чекори.

4. Направете потсетник. Визуелизирајте слика за својата остварена цел и сочувајте ја во својата глава за да може често да се потсетувате на неа. Се препорачува да ги запишувате целите на практично и достапно место, за секојдневно да можете да се навраќате до каде сте.

5. Доверете им се на најблиските. Ако запознаете личност со свои одредени цели, ќе ви се создаде чувство на одговорност и дополнителен поттик за остварување на сопствените.

6. Угледајте се на другите. Нека ви бидат пример успешните, елоквентните и енергичните. Поминете колку можете повеќе време со нив. Не се вели попусто – „Со кого си, таков си.“

7. Верувајте во себе. Не дозволувајте ниту за момент да ви се појави сомнеж во себе. Ако сте поставиле разумни цели и знаете дека пред вас истите цели веќе ги постигнале други луѓе, нема причина да бидете првите кои ќе заглават на патот до остварувањето.

8. Дружете се со луѓе кои се во „иста манџа“. Сигурно имате некој пријател кој се труди да оствари нешто во моментот. Ќе ве мотивира дополнително. Секогаш е полесно во двојка.

9. Мислете позитивно на иднината. Многумина стануваат нерасположени кога размислуваат за иднината затоа што се склони кон песимистички процени. Позитивното размислување за иднината ќе ја зајакне вашата мотивираност, ќе ве поттикне на работа и со тоа ќе ви ги зголеми изгледите дека навистина може се да биде „розово“.

10. Почитувајте ги сопствените рокови. Рационално проценете ги роковите со кои ќе стигнете од една до друга точка кога се во прашање вашите цели и држете се до нив. Одложувањето е прв чекор до неуспехот и знак на ослабување на мотивацијата.

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека сте во врска со патолошки лажго, низ илустрации „Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност...
5 работи што не треба да ѝ ги кажете на личноста што има анксиозност (и како да ја утешите) „Ајде собери се“, „Ќе се снајдеш“... Ова се некои од фразите што треба да ги исф...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...
Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
Смрт на брачен сопатник и уште 13 најтешки искуства во животот (ќе ги разберете само ако ги доживеет... Спонтан абортус, силување, хронична болест, смрт на дете... Кои се најтешките ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg