5 жени откриваат што навистина значи да се откажете од алкохолот

Една, две, три чашки со ручекот лесно можат да станат претерување, исто како и пивото до две навечер додека гледате филм.

5-zheni-otkrivaat-shto-navistina-znachi-da-se-otkazhete-od-alkoholot-01.jpg

Уште од 2013 година, на глобално ниво се случува предизвикот „сув јануари“ (dry January) кога како новогодишна резолуција се одлучува во текот на месецот воопшто да не се пие алкохол. Многумина успеваат, а своите успеси ги споделуваат на социјалните мрежи.

Ова се пет искуства на жени кои веќе извесно време се целосно трезни:

Сакав да бидам пример за мојата ќерка

„До неодамна не се ни препознавав себе. Мислев дека се должи на тоа што сум мајка на мало дете и поради тоа немам време да се грижам за себе. Но, тогаш ја согледав реалноста - јас се хранам лошо, а и пијам многу вино. Преку лошата храна можеби и ќе преминев некако, но виното не е добар пример за мојата ќерка. Решив да променам сè и сега јадеме домашна храна, а наместо вино, имам многу чаеви, кафиња и вода со вкусови.“

5-zheni-otkrivaat-shto-navistina-znachi-da-se-otkazhete-od-alkoholot-02.jpg

Сакав да си докажам себе дека можам

„Слушнав за 'dry January' преку социјалните мрежи и конечно оваа година решив да пробам. Едноставно, на мојот стомак му требаше пауза. Не дека пијам многу, но се случувало да испијам една до две пијачки на некој настан. Всушност, без алкохол се може. Продолжив да излегувам и да избирам безалкохолни пијалаци, а ја добив поддршката од пријателите и семејството. Оттогаш мојата кожа е поубава, изгубив некој килограм и спијам подобро, а сепак си поминувам убаво кога ќе излезам.“

Сакав да препознаам кога користев алкохол како засолниште

„Овој јануари за мене е многу повеќе од еден месец без алкохол. Во семејството имаме историја на алкохолизам и зависности, а истражувањата покажуваа дека може и децата да го прифатат тоа. Па, затоа решив да одам против ова истражување, да си докажам себе дека не мора да сум слаба пред алкохолот и дека тој не е моето засолниште, ниту пак идентитет. Оттогаш, полесно се носам со анксиозноста, а веќе кожата ми изгледа многу поубаво. Да не зборувам за тоа колку сум порасположена, посоцијална, но и колку подобро спијам ноќе.“

5-zheni-otkrivaat-shto-navistina-znachi-da-se-otkazhete-od-alkoholot-03.jpg

Сакав 2019 да ми почне поздраво

„Според мене, јануари е одличен месец за детокс од многу нешта. Решив дека 2019 ќе ја започнам со здрав животен стил и всушност, воопшто не ми беше тешко да го постигнам тоа. Не попуштам дури ни поради омиленото шоу на телевизија.“

Сакав конечно да се разбудам без да жалам за нешто

„Знаеме што може да донесе пиењето алкохол повеќе од нормалното... Телото ме предупреди одамна дека треба да престанам, но тоа требаше да ми се вреже и во умот. Решив дека јануари е вистинскиот момент за тоа. Мислев дека нема да ми биде тешко, бидејќи пијам само за викенди, но не беше баш така. Многумина ме поддржаа и конечно можам да се разбудам наутро без мамурлук, анксиозност и жалење поради некоја постапка направена под дејство на алкохол.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg