ZARA, GOOGLE, NIKE - Што значат имињата на најпознатите брендови?
IKEA
Името ИКЕА не е шведски збор, туку е комбинација од првите букви на името на основачот Ingvar Kamprad и првите букви од фармата и селото каде што пораснал во Јужна Шведска, Elmtaryd и Agunnaryd.
Starbucks
Кога се решавало за името, основачите на Старбакс биле решени дека тоа мора да почнува на „СТ“ бидејќи сметале дека тоа е моќна комбинација.
Додека се случувало ова нафрлање на разни имиња, некој однекаде извадил стара мапа на којашто се наоѓал градот Старбо, а од таму пак, на еден од коосновачите веднаш му текнало на ликот Старбак од книгата Моби Дик, па од таму и името Starbucks.
Nike
Најк е основана во 1964 година како Blue Ribbon Sports, а сегашното име го добила дури во 1971 година. Првично коосновачите сакале фирмата да ја крстат Dimension 6, но името Најк, коешто е инспирирано од грчката божица на победата Ника, го смислил првиот вработен во компанијата Jeff Johnson.
Amazon
Првично кога е стартувана компанијата во 1995 година, основачот Jeff Bezos сакал да ја крсти Cadabra. Сепак, адвокатот на фирмата успеал да го убеди дека тоа лошо име и буди лоши асоцијации.
Безос, исто така, некое време сакал да се вика фирмата Relentless, па така и денес кога ќе отидете на сајтот relentless.com тој ве пренасочува на сајтот на Amazon. На крајот, се решил за името Амазон, според најголемата река во светот, којашто е и инспирација за логото на фирмата.
(О)Милена | Црнобело