ZARA, GOOGLE, NIKE - Што значат имињата на најпознатите брендови?
Овие познати брендови ги сретнуваме скоро секој ден. Но, дали сте се запрашале од каде ги добиле и што значат нивните имиња?
Името на фирмата е еден од најважните начини на којшто може да се импресионира купувачот. Дел од купувачите без разлика на тоа дали можат истиот производ да го купат поевтино, ќе го купат брендираниот, само заради познатото име.
Затоа е многу важно за фирмите да имаат лесно име на брендот, но истовремено и уникатно. Но, како дошле до тие имиња најразличните брендови и што значи секое од нив?
Pepsi
Пронаоѓачот на Pepsi, Caleb Davis Bradham, сакал да биде доктор, но бидејќи фамилијата била во криза тоа значело дека мора да го напушти медицинското училиште и да стане фармацевт. Оригинално пијалакот којшто го измислил се викал „Brad’s Drink“ и се состоел од мешавина на шеќер, вода, карамел, лимоново масло и морско оревче.
Три години подоцна, тој го преименувал пијалакот, бидејќи верувал дека помага со варењето во стомакот. Новото име било „Pepsi-Cola“, инспирирано од зборот диспепсија, што значи проблеми со варењето.
Името на Google потекнува од еден состанок на универзитетот Стенфорд, кога основачот Larry Page сакал со помош на другите студенти да смисли име за веб сајтот за пребарување.
Еден од предлозите за името бил „googolplex“, што го означува еден од најголемите броеви коишто може да се напишат. Сепак, името Google произлегло кога еден од студентите погрешно го напишал најголемиот број, па така и настанало името.
McDonald's
Основачот на McDonald's, Raymond Kroc, бил продавач на машини за милкшејк. Тој се сретнал со браќата Dick и Mac McDonald кога им продал неколку миксери за милкшејк за нивниот ресторан за бургери.
Толку многу се импресионирал од нивниот ресторан, што решил да им стане агент и да отвори неколку ресторани низ цела Америка. Неколку години подоцна, тој ги откупил и правата на името McDonald's.
Adidas
Името на брендот Adidas, потекнува од името на неговиот основач, Adolf Dassler. Тој започнал со производство на спортски обувки кога се вратил од служење на воениот рок во Првата светска војна, а името е комбинација од неговиот прекар Adi и првите три букви од презимето.
Rolex
Основачот на Rolex сакал да има име на бренд коешто ќе звучи исто на секој јазик. Се обидел со комбинација на буквите од азбуката на стотици начини и добил околу сто можни варијанти за името на компанијата, но ниту едно од тие не му се допаѓало.
Едно утро додека се возел на двокатниот автобус влечен од коњи, во центарот на Лондон, некој магично му шепнал Rolex и тоа било тоа.
Zara
Amancio Ortega, основачот на Zara, оригинално ја нарекол компанијата според филмот од 1964 „Гркот Зорба“, односно Зорба. Но ова име не се задржало долго. Првиот дуќан што го отворил во Ла Коруња бил само две улички подолу од барот наречен Zorba.
Сопственикот на барот му забележал на Ортега дека ова би можела да претставува проблем, но тој веќе ги имал направено буквите за рекламата. На крај само ги употребил истите букви во она што можел да го смисли и така се родило името Zara.