10 нешта што не треба да ги купувате користени или да ги позајмувате од други

Понекогаш, „second hand“ производите можат да ве чинат двојно поскапо отколку ако сте купеле нов производ.

10-neshta-shto-ne-treba-da-gi-kupuvate-koristeni-ili-da-gi-pozajmuvate-od-drugi-01.jpg

Така што, кога следен пат ќе видите супер понуда за нешто половно на Фејсбук или преку другите начини на огласување, размислете добро.

Најчесто овој начин е исплатлив, но постојат случаи кога сепак треба да си купите нов производ.

Ова се тие 10 производи:

Детски седишта за во автомобил

Безбедноста е примарна причина зошто не треба да го направите тоа. Најсигурни дека сте купиле безбеден производ ќе бидете само ако го купите нов. Не знаете колку време стариот бил користен и дали претрпел механички оштетувања кои потоа се коригирани. А и самите материјали имаат рок на траење.

Душеци

Најпрво, од хигиенски аспект, а потоа и од практичен. Душеците собираат прашински грини, а и веќе имаат вдлабнатини и издигнувања кои сигурно не се соодветни на вашето тело. Купувајте паметно, купете нов душек.

10-neshta-shto-ne-treba-da-gi-kupuvate-koristeni-ili-da-gi-pozajmuvate-od-drugi-06.jpg

Дрвен мебел

Дрвениот мебел кој не е правилно чуван или бил долго изложен на прашина и други надворешни влијанија, е преполн со микроорганизми и други слични суштества кои освен што физички го оштетуваат мебелот, може да бидат загрозувачки за вашето здравје.

Гуми за превозни средства

Можеби старата гума привремено ќе ви врши работа за кратки релации, но никогаш не тргајте на долг пат со половни гуми. Парите не се вредни за ризикот на кој ги изложувате својот и животот на сопатниците.

10-neshta-shto-ne-treba-da-gi-kupuvate-koristeni-ili-da-gi-pozajmuvate-od-drugi-04.jpg

Парфеми

Рокот на парфемите почнува да им тече од моментот кога ги отворате. Од очигледни причини, не е препорачливо да купите стар парфем, а уште помалку доколку не е во оригиналната амбалажа.

Лулки и детски креветчиња

Тие се веќе користени, жлебовите не се толку стабилни, а и потсетете се што се може да се најде во дрвениот мебел и во душеците. Најбезбедно, за доброто на своето дете, купете му ново креветче.

10-neshta-shto-ne-treba-da-gi-kupuvate-koristeni-ili-da-gi-pozajmuvate-od-drugi-02.jpg

Кацига

Материјалот од кој се изработени кацигите се оштетува поради дотрајаност и веќе не ја нуди потребната заштита. Не само што не треба да ги купувате стари, туку по неколку години треба и да ги заменувате со нови.

Садови за чување храна

Пластиката може да испушта токсични хемикалии во храната, да добие мирис на дотогаш чуваната храна и да има оштетувања од дотогашното користење, кои се полнат со бактерии.

10-neshta-shto-ne-treba-da-gi-kupuvate-koristeni-ili-da-gi-pozajmuvate-od-drugi-05.jpg

Шапки и чевли

Иако најголемиот дел од облеката без проблем може да се користи „од втора рака“, тоа не важи за чевлите и шапките. Во нив, колку и да ги перете, секогаш ќе останат остатоци од првут или од кожа од стапалата, евентуално некоја габична инфекција.

Козметика

Освен ако е производ кој вашата сестра или другарка го купила пред два дена и не ѝ се допаѓа, па ви го подарува, тогаш никако не купувајте ниту четки за нанесување шминка, ниту каква било друга козметика.

10-neshta-shto-ne-treba-da-gi-kupuvate-koristeni-ili-da-gi-pozajmuvate-od-drugi-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg