Зошто треба да престанете да драматизирате? (Освен очигледните причини)

Драмата е одраз на емоционална незрелост и нестабилност. Зрелата личност е умерена и повеќе цени дела отколку реакции и никогаш нема да „експлодира“ бурно.

zosto-treba-da-pretanete-da-dramatizirate-osven-ociglednite-pricini-01.jpg

Драматизирањето е еден од механизмите кои одредени личности ги користат за справување со своите емоции.

Со правењето драма, се пренагласуваат емоциите, експресиите и личноста смета дека на својата публика верно ѝ има пренесено како точно се чувствува. Но, самиот збор кажува, на драмата местото ѝ е во театар, за пред публика.

Што се случува кога личноста е премногу внесена во своите емоции и се соживува со нив?

Тогаш таа им дава големо значење и смета дека треба секоја емоција да ја почувствува и преживее во целост. Но, тоа не е неопходно така, бидејќи емоциите се составен дел од нашиот живот. Нивното пренагласување е како во секој оброк да додавате лут зачин, секој ден, дури и ако таа храна воопшто не треба да се зачинува.

Во текот на денот во секој од нас се случува огномет на емоции, од кои дел ги забележуваме, но дел „поминуваат“ незабележливо. Емоциите се зачин на животот и со нив, како и со храната, не треба да се претерува.

zosto-treba-da-pretanete-da-dramatizirate-osven-ociglednite-pricini-02.png

Често, лицата кои се склони кон драматизирање, имаат и епизоди на анксиозност, се соживуваат и со своите стравови и се опседнуваат со застрашувачки мисли. Во тој процес, некои личности стануваат презависни од драмата и самите ја создаваат, дури и кога нема потреба од нејзе.

Затоа, имајте на ум дека она што ви треба не се драма и еуфорија, туку мир и хармонија. Драматизирањето е детинесто и навистина нема потреба да се идентификувате со своите емоции и реакции.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg