Колку типови на мажи постојат и кој е најдобар за вас?
Постојат многу различни типови на мажи меѓу кои жените можат да си го изберат идеалниот.
Иако многумина не веруваат во тоа, сепак физичкиот изглед игра голема улога, бидејќи надворешноста кажува многу за карактерот на човекот.
Па така, направена е поделба на 9 типови на мажи за кои надворешниот изглед кажува многу за некои нивни особини.
Какви типови на мажи постојат, кои се нивните оценки и карактеристики, и изберете кој тип е најдобар за вас (или проверете дали вашиот избраник личи на некој од нив).
Погледнете ја фотографијата и под неа погледнете го описот за секој од нив:
Тип 1 – Митски карактер
Карактеристики: атлетско тело, стомачни мускули и исправен грб, бицепси доволно моќни да ја издржат вашата тежина, секогаш наоѓа време за саканата, лесно стекнува пари, има добра смисла за хумор
Факт: во реалноста не постои и ако потајно го посакувавте, извадете ги розовите очила
Тип 2 – Нежен заводник
Карактеристики: згоден, висок, задоволен со себе, урбан лик, екстремно грижлив за својот изглед, педантен, софистициран, нежен, носи впечатливи бои и секогаш изгледа средено
Факт: најчесто не му требаат жени и ако потајно го посакувавте, ќе се разочарате...
Тип 3 – „Машки“ стомак
Карактеристики: понекогаш нервозен, мажествен, со умерена количина на влакна по телото, не знае за граници во односот со храната
Факт: сака жена домаќинка и има традиционални гледишта, па ќе мора да научите барем 100 рецепти
Тип 4 – Просечен
Карактеристики: рамен на секој дел од телото и нема посебно истакнат физички изглед, но нема ни недостатоци и слабости, економичен и рационален, ги цени жените и нивните вредности
Факт: сака сè да биде на просечно/добро ниво, а ако одберете ваков тип на маж, ќе мора да бидете средно високи, косата да ви биде темна наместо руса и да немате никакви тетоважи
Тип 5 – Речиси реален
Карактеристики: витко тело, умерено силен, добро оформен задник, мажествени раце, се движи привлечно и секој потег му наликува на танц, одговара на секој тип на жена
Факт: ако потајно го посакувавте овој маж, одете во кино и најдете го во некој од филмовите...