Колку типови на мажи постојат и кој е најдобар за вас?
Тип 6 – Брутален
Карактеристики: моќен, влакнест, не многу образован, со некултурно однесување, не е многу комуникативен и не се грижи за тоа каков тип на жена има, но сака контролата да е во негови раце
Факт: ако случајно одберете ваков тип на маж, знајте дека само треба да му се приближите, а другото ќе го направи тој
Тип 7 – „Костур“ во движење
Карактеристики: премногу слаб и искривен грб од неправилно држење на телото, детски влакна, лојален и желен да помогне, не зафаќа многу место, корисен е во домот
Факт: овој тип е идеален за жени кои водат активен живот, само смислете сценарио и задачи и препуштете му ги обврските
Тип 8 – „Пивар“
Карактеристики: опуштен, забавен и со смисла за хумор, љубител на пиво и храна, ужива во сите задоволства, сака да се смее, да пее и да кажува вицеви
Факт: ако одберете ваков тип на маж, ќе мора да научите да се смеете гласно дури и ако некоја шега не е смешна
Тип 9 – Авантурист
Карактеристики: чуден стил на облекување, живее во свој свет, не е во чекор со модата, не обожава социјални мрежи и е во постојана потрага по авантура и адреналин
Факт: ако одберете ваков тип на маж, ќе мора да научите да бидете спонтани, да преземате ризик и да имате подготвено тестамент... за секој случај
М. М. | Црнобело