Најтоксичните однесувања на пријателите поради кои заслужуваат да ги избришете
Луѓе кои се соочиле со лоши и токсични однесувања од страна на своите пријатели, ги споделиле искуствата на AskReddit.
Проверете дали и вие сте биле во слична ситуација. Ако се препознаете, тогаш е време да преземете драстични промени во врска со нив:
„За сè што ќе кажев, таа имаше да раскаже полошо искуство кое нејзе и се случило. Била и дрска, но се вадела на искреност.“
„Ме пребукираше со нејзините проблеми, но никогаш не беше тука да ги чуе моите.“
„Се чувствував како мантил за дожд, бидејќи ме дружеа кога нивните ‘вистински пријатели‘ не беа тука.“
„Правеше сè само да ми се спротивстави. Ако се пожалев дека сум болна, а не можам да земам ден за боледување велеше дека тоа го направила и самата неколку пати. Или ако предложев некое место, веднаш го одбиваше со друг предлог. Ако имате ваков пријател, направете си услуга и најдете си подобар.“
„Ако имав проблем и сакав да разговарам, тој веднаш го поврзуваше со некој негов и фокусот на разговорот одеше кај него.“
„Ме лажеше и манипулираше дека не можам да имам други пријатели, бидејќи сите ме мразат.“
„Сакаа да разговараат со мене само кога беа осамени, но кога им беше ОК исто како да не постојам.“
„Не ми одговара на пораки со денови, но ако треба да ѝ одговорам во состојба е да ме спамира, па дури и да се јавува на телефон.“
„Сакаа да се собираме кај мене дома. Се најавуваа и доаѓаа со многу алкохол. Другарството се сведе на пиење на мојот кауч, но кога веќе немаше услови за тоа, наеднаш веќе не бевме пријатели.“
„Сите ја сакаа нејзе, а никој мене, бидејќи таа сметаше дека е посебна.“
„Секогаш јас иницирав средба. Таа всушност никогаш не се ни обиде да оствари контакт со мене. Ми требаше време додека да се освестам за тоа.“
„Очекуваше да бидам цело време со нејзе кога имав слободно време. Но, кога имаше момче, буквално заборави дека постојам. Откако раскинаа, јас требаше да бидам таа која е достапна 24/7.“
„Никогаш ништо не беше нејзина вина и јас бев таа што се извинуваше, дури и кога не сум виновна.“
„Секогаш прифаќав нивни идеи, но ниту една од моите не беше прифатена, па дури и беше етикетирана како глупава.“
„Кога и да споделев нешто во доверба, истиот разговор ми се враќаше следниот ден од трета личност.“
„Ѝ позајмив пари, вети дека ќе ги врати. Уште немам видено ниту денар од нив.“
„Мојот другар флертуваше со девојки кои знаеше дека ми се допаѓаат. Не чекаше ниту една недела за да се спои со мојата поранешна девојка по раскинувањето.“
„Кога не се согласувавме, ме напаѓаше на лична основа.“
„Ако се гледав со другите пријатели, беше навредена, се лутеше со денови и знаеше да биде дури и многу дрска.“
„Се лутеше секогаш кога наставниците во училиште ќе ме пофалеа дека сум постигнала добар резултат.“
„Очекуваше дека ќе оставам сè во моментот кога ѝ требам, но кога еднаш таа ми требаше, ми кажа дека премногу барам.“
Е. Д. | Црнобело