9 начини на кои го отежнувате својот живот повеќе отколку што треба
Реалноста е таа - сите во даден момент сме биле жртви на своите илузии, лажни верувања и погрешни толкувања.
Затоа, потребно е да бидете свесни дека голем дел од проблемите кои ги имате всушност си ги создавате и самите и тоа на следниве начини:
1. Обвинувате
Пријателката не ви вратила веднаш на пораката? Колегите не ве викнаа на ручек? Секој лесно може да се навреди, но ако сето ова го сфаќате премногу лично, никогаш нема да бидете среќни.
2. Вие сте ѕвезда во својот филм
Вие сте ѕвезда, но не заборавајте дека има и споредни ликови, без кои филмот би бил само еден здодевен монолог. Пишувајте сценарија, режирајте, но не заборавајте дека дури и на најголемите ѕвезди им требаат луѓе околу нив.
3. Брзате кон апокалипсата
Во сè гледате најлошо можно сценарио и постојано сте исплашени дека никогаш нема да бидете позитивно изненадени од што било. Исто така, мислите само на лошите исходи, но знајте - негативноста носи само негативност.
4. Имате нереални очекувања
Сосема е здраво да фантазирате дека ви е многу поубаво отколку што ви е, но треба да внимавате тоа да не премине во болна фантазија која само ќе ве изморува и ќе ве прави тажни поради недостижноста.
5. Го чекате „знакот“
Кога и да треба да донесете одлука, вие чекате знак кој ќе ви помогне да одлучите правилно. Не, вербата и надежта немаат некоја труба со која свират за тревога. Треба вие да го најдете тој знак во себе.
6. Не ризикувате
На сите им е лесно да се движат по линијата на најмал отпор, но во тој случај пропуштате многу интересни нешта што се случуваат по алтернативната патека.
7. Се споредувате со другите
Колку и да имате доволно, секогаш сакате повеќе затоа што знаете дека го можете тоа. Но, престанете да се споредувате со некој друг, загрејте се и тргнете во поход да го грабнете она што некаде ве чека само вас.
8. Им дозволувате на другите да ве крадат
Тука не се мисли на физичко одземање предмети од вредност, туку на губење на вашето време поради нивната себичност, негативност и егоистичност.
9. Не сакате да пуштите нешто да си оди
Минатото ве има направено ова што сте, но колку побрзо го пуштите да си оди, толку побрзо ќе почнете да ја гледате убавината на иднината.
Е. Д. | Црнобело