6 есенски совети
Доколку имате вишок слободно време во животот, есенските денови може лесно да ги направите побогати. Испробајте ги овие 6 предлози. Телото, а...
...и мозокот ќе ви бидат благодарни.
1. Во секој оброк додадете супа. Иако најдобра е домашната, нема да ви штети ни купечката.
2. Растегнете се. Флексибилноста е мошне важна, па секој ден одберете по неколку вежби за растегнување на телото.
3. Пијте внимателно. Потрудете се редовно и доволно да пиете вода, а алкохолот намалете го на минимум. Во зимските депресивни денови можно е да посегнете по чашка повеќе, но така само повеќе си штетите.
4. Убијте ги бактериите. Ако веќе не сте, време е да направите генералка. И дома, но и во канцеларијата. Пребришете ја тастатурата, телефонот и останатите предмети со антибактериско влажно крпче.
5. Облечете се и отидете на прошетка. Нема ништо поубаво од есенски и зимски ноќи, само под услов да не ви студи многу. Затоа убаво облечете се.
6. Започнете со диета. Амо мислите дека во новата година треба да симнете некое кило, време е да мислите на тоа сега – а, не после Велигден.