Бон тон правила кои треба да ги почитувате во онлајн групни разговори
Во модерното време, групните онлајн конверзации се вистински спас, независно дали за да комуницирате со сите пријатели одеднаш, да се координирате со колегите од работа или да соопштите некоја вест на повеќе луѓе одеднаш.
Речиси сите се дел барем од 2-3 групни, независно дали на Viber, Skype, Facebook или друга социјална мрежа.
Па, сигурно знаете како е кога не сте во можност да одговорите, на состанок сте, или спиете, а во некоја група ќе почнат да стигаат пораки без престан.
Токму затоа, постојат одредени правила кои културните луѓе секогаш ги следат, дури и кога станува збор за онлајн чет.
Во продолжение неколку бон тон правила по кои треба да се водите во онлајн групите:
1. Не почнувајте разговори доцна навечер.
2. Не се обраќајте само на една личност – групата е за сите, ако ви треба само еден човек, пишете му посебно, не ги малтретирајте другите со ваши разговори.
3. Доколку правите група, ставајте луѓе кои се познаваат меѓусебно за да не создадете непријатна ситуација.
4. Доколку сте направиле група за одреден настан или случување, држете се до темата и разговарајте само за тоа што е целта на групата.
5. Кога сите дискутираат на една тема, оставете секој да го напише тоа што го мисли, не напаѓајте со нова порака на секоја туѓа порака.
6. Чувајте го телефонот на нечујно или ставете ги групите на нечујно кога одите на работа, состанок и слично, за да не ви стигаат 20 пораки во секунда.
7. Доколку групата е од оние со одредена цел или за организација на настан, по завршувањето на истиот, пратете поздрав и напуштете ја групата.
М. М. | Црнобело