Вознемирување од големи гужви, гласно џвакање и уште 9 работи кои ве прават пречувствителни

Секој од нас има периоди кога не е расположен за одредени нешта, но ако сте пречувствителна личност, можете лесно да бидете вознемирени од секојдневни звуци, мириси, па дури и од најобични ситуации.

ako-ve-voznemiruvaat-ovie-11-neshta-vie-ste-prechuvstvitelna-lichnost-01.jpg

За другите можеби се чини дека претерувате со реакциите, но доколку се пронаоѓате во горниот опис, тогаш вашиот нервен систем работи на повисоко ниво од просечниот.

Вие сте родени такви и нема зошто да се грижите, туку само треба да бидете свесни за својата состојба.

Како да препознаете? Проверете дали ве вознемируваат повеќето од овие 11 нешта:

Нереални очекувања

Вие сте чувствителна личност и точно знаете дека нереалните очекувања кај другите се нешто што вознемирува и фрустрира.

Нељубезна комуникација

Кога некој е дрзок и нељубезен, лесно може да ги изнервира другите околу него, но пречувствителните личности можат дури и да ја почувствуваат болката на оној кој е повреден од ваквата комуникација.

ako-ve-voznemiruvaat-ovie-11-neshta-vie-ste-prechuvstvitelna-lichnost-02.jpg

Големи гужви

Концерти, трговски центри, прометни улици, ова е нешто на кое пречувствителните реагираат со лутина и бес, па дури и со фрустрација и тага.

Гласно џвакање

Гласно џвакање, гласно сркање од лажица, од цевка за пиење, гласно голтање, ова се звуци кои многу им пречат на пречувствителните личности. Тие навистина се чувствуваат како нешто да ќе експлодира во нив кога слушаат вакви звуци.

Пречувствителност на шеги

Додека другите го гледаат само смешниот дел, вие наоѓате скриени пораки и навреди во шегата. Не е страшно, едноставно, такви сте „скроени“.

ako-ve-voznemiruvaat-ovie-11-neshta-vie-ste-prechuvstvitelna-lichnost-03.jpg

Силни мириси

Другите можеби и не ги чувствуваат, но тие мириси „копаат“ во вашиот нос, па може и дури да ви предизвикаат главоболки. Можете да ги замолите најблиските да користат средства за чистење, зачини и парфеми со помалку интензивни мириси.

Позадински звуци

Кога некој џвака во позадина, турира автомобил, повторува ист звук, тоа е вистински терор за овие лица, бидејќи тие не знаат да ги игнорираат звуците во позадина.

Неочекувани гласни звуци

Овие лица можат лесно да бидат вознемирени од неочекувани звуци, како што е сирена од автомобил, нешто што се крши, извик...

ako-ve-voznemiruvaat-ovie-11-neshta-vie-ste-prechuvstvitelna-lichnost-04.jpg

Негативни вести

Кога ќе дознаат дека некаде во светот се случила елементарна непогода, несреќа или дека некој починал, тие длабоко сочувствуваат со погодените од тој настан.

Критикување

Критиката ги погодува исто како физичка повреда, колку и да вежбаат да не ги сфаќаат овие нешта премногу лично.

Пресилни светла

Премногу осветлени простории и многу извори на светлина можат многу да им пречат на овие лица, особено доколку не се навикнати на таквите извори на светлина.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg