Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прекрасни работи кои се случија во светот во 2018 (втор дел)

Италијанскиот илустратор Мауро Гати се уморил од секојдневието исполнето со црна хроника и лоши вести, па решил себе и на своите следбеници на Инстаграм да им приреди малку поинакво искуство.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-01.jpg

Тој го отворил профилот „The Happy Broadcast“ и на него ги објавува своите одлични илустрации од добрите нешта кои се случуваа изминатата година.

Гати смета дека на секого му треба „противотров“ за секојдневието, па затоа и решил да го прослави секој момент кој значи славење на човековите права, емпатија, верба во човештвото, грижа и оптимизам.

На минималистички начин, тој илустрира приказни од светот, користејќи ги како извори „Си ен ен“ и „Би би си“. Преку својот профил, тој сака да докаже дека и покрај немилите настани, сепак постојат и убави нешта по кои вреди да се памети 2018-та.

Првиот дел погледнете го тука, а во продолжение уште неколку од неговите омилени стории:

Јаглеродниот отпечаток на просечен Американец се намалил за 9%, поради тоа што луѓето јадат помалку телешко месо, а повеќе зеленчук.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-03.jpg

Само еден обичен тест со плунка може да даде многу повеќе податоци за здравствената состојба и да помогне да се предвидат инфаркти и мозочни удари.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-04.jpg

Најмалку пет години нè делат од користење на енергијата од „минијатурни сонца“, што се всушност нуклеарни фузиски реактори кои може да произведат евтина и чиста енергија.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-02.jpg

Границата меѓу Етиопија и Еритреја се отвори по 20 години војна и крвопролевање.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-06.jpg

Шкотска стана прва држава во светот која им дава бесплатни санитарни производи на жените со ниски примања и на студентките.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-07.jpg

Бројот на единки на тигар во дивините на Непал се дуплирал во последниве десет години.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-05.jpg

Жените од Саудиска Арабија и официјално повторно може да добијат возачка дозвола и да управуваат со возило.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-08.jpg

Бил Гејтс донира 12 милиони долари за помош за развој на универзална вакцина против грип.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-09.jpg

Франција забрани супермаркетите да фрлаат храна која е на одредено време пред истекување на рокот. Тие мора да ја донираат, во спротивно може да бидат казнети.

umetnik-umoren-od-loshi-vesti-gi-ilustrira-site-dobri-neshta-od-2018-ta-10.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg