Оставање садови, шетање голи по дома: Какви карактеристики откриваат секојдневните навики?
Секојдневните навики, желби и потреби откриваат многу за карактерот на личноста.
Знаејќи какви навики има одредена личност, што сака или не сака да прави, може да откриете други подлабоки детали за нив.
Не мора да бидете психолог за да сфатите за каков човек станува збор, доволно е да погледнете повнимателно во неговите секојдневни активности.
Какви карактерни особини откриваат секојдневните навики и активности:
Не читање книги
Луѓето кои читаат многу ретко и брзо се изморуваат од книгите, важат за претерано одговорни луѓе кои не си дозволуваат слободно време и интересни активности, бидејќи сметаат дека ги чекаат многу поважни работи, па читањето книги за нив е луксуз.
Често седење/шетање голи по дома
Луѓето кои често преферираат да шетаат голи во сопствениот дом, најчесто имаат широко отворени гледишта кон светот и постојано сакаат да пробуваат нови работи, да запознаваат нови луѓе и експериментираат.
Оставаат неизмиени садови
Луѓето кои ги оставаат садовите неизмиени во лавабо и мирно си легнуваат, најчесто не се навикнати на брзо решавање проблеми. Нивното мото е дека можеби нешто ќе помине само од себе, а одложувањето на обврските им е навика и во личниот и професионалниот живот.
Не излегуваат без часовник на рака
Љубителите на часовници кои не излегуваат од дома без нив, сакаат да ја контролираат околината и се чувствуваат како нешто да не е во ред кога немаат часовник.
Покрај тоа што сакаат да контролираат, тие се многу одговорни и се многу слични на оние кои не читаат книги.
Често ставање тетоважи
Фановите на тетоважи, според психологијата имаат неколку квалитети квалитети – тие се секогаш активни, пријателски настроени и комуникативни. Имаат отворен ум и животот го гледаат како авантура, па не сакаат да бидат затворени во 4 ѕида. Тие се уникатни и имаат самодоверба.
Постојано грицкање нешто
Ова е една од карактеристиките на перфекционистите кога се нервозни или кога им е екстремно здодевно.
Перфекционистите се чувствуваат подобро кога се зафатени со нешто, па затоа постојано грицкаат прсти, пенкала или моливи.
Пози за селфи
Луѓето кои се фотографираат од долен агол, по правило се позитивни и пријателски настроени. Оние кои се премногу одговорни и сериозни се сликаат така што никој нема да може да открие каде се, а љубителите на „duck face“ имаат психолошки проблем – тик, гримаса при нервоза и слично.
Цртање за време на телефонски разговор
Егоистите кои не се грижат многу за соговорникот, за време на телефонски разговор имаат навика да си црткаат на ливчиња.
Тие се фокусираат на нивните сакани, но ги ставаат сопствените потреби на прво место.
М. М. | Црнобело