„Ги мразам празниците, ќе ви откријам како ја преживувам празничната треска“
Дали ве иритира целата таа празнична еуфорија? Чувствувате како да мора да го сакате овој период од годината, а вас ве ежи...
Во многу делови од светот владее празнична атмосфера. Нова Година и Божиќ се периоди за елки, сијалички, прослави и убава енергија, но постојат луѓе кои едноставно не ја поднесуваат празничната еуфорија.
Постојат луѓе кои ги мразат Нова Година и Божиќ и тоа од различни причини.
Ако сте еден од нив, еве како да се справите:
Најдете поддршка
Најдете некој на кој ќе можете отворено да му кажете како се чувствувате и кој ќе ви биде поддршка. Некој со слични гледишта како вашите.
Делувајте стратегиски
Ви се ежи кожата од новогодишната прослава со колегите? Појавете се накратко и покажете волја дека сакате да учествувате, но потоа најдете си некое оправдување и заминете по првиот испиен пијалак.
Не паѓајте во замката дека да им објаснувате на сите како се чувствувате, само поканите за настаните културно одбивајте ги.
Глумете
Размислувајте како вљубеник во празниците би можел да се однесува и обидете се да го одглумите тоа.
Дури и да не сте убедливи за себе, барем нема да бидете лошо друштво за другите. Плус, нема да мора да одговарате на милион прашања зошто ги мразите празниците.
Но, понекогаш застапете се за себе
Ако сепак сте горди на својот став, тогаш говорете отворено и кажете го вашето гледиште.
Со помош на вашите комуникациски вештини на неагресивен начин објаснете зошто не ги сакате празниците, но не ги осудувајте тие што ги сакаат.
Бидете добри кон себе
Сигурно сета таа еуфорија околу вас ви ја цеди енергијата и прави да се чувствувате лошо. Обидете се вашиот распоред да го исполните со активности што ги сакате.
Запомнете дека како и сè друго, така и празничната сезона ќе помине. Обрнете внимание на работите што се важни за вас и заштитете се од акумулирање на стрес.
Во краен случај, можете дури и да кажете дека сте на некое патување, а да останете дома со вашите книги на страна од празничната треска.
С. С. | Црнобело