Емотивната божиќна реклама на Тојота која ќе ве разнежни и ќе допре длабоко до вас (видео)
Секоја година во периодот ноември-декември, брендовите ги објавуваат нивните божиќни реклами кои најчесто допираат до срцата на секој.
Оваа година, Тојота се наоѓа помеѓу брендовите со најдобра божиќна реклама, а истата предизвикува бура од емоции.
Главната порака која ја носи е сите да се соберат и зближат за празниците, посебно семејството.
Во рекламата е прикажано мало момче кое се буди и радува на снегот, па ја испраќа неговата мајка која влегува во нејзината Тојота.
Момчето излегува надвор со другарчињата и почнува да прави снешковци кои се наредени во дворот со гранки свиткани во форма на војнички поздрав, кога неговата мајка ќе пристигне, но не сама.
Одвојте минута ипол и изгледајте ја до крај емотивната божиќна реклама на Тојота...
https://www.youtube.com/watch?v=ub5UltVPQcY
М. М. | Црнобело