Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фобии што може да бидат предизвикани од празниците

За некои луѓе празниците и празничните семејни собири се толку стресни што со тек на времето прераснуваат во фобии. И додека едни уживаат во атмосферата, другите попрво би останале скриени дома, отколку да се вклучат во нејзе.

fobii-shto-mozhe-da-bidat-predizvikani-od-praznicite-01.jpg

Уште ви звучи неверојатно?

Еве ги најчестите фобии поврзани со празници:

Фобија од снег (кионофобија)

Ова е страв од снег кој може да се појави додека снегот паѓа или откако лицето е удрено со снежна топка. Кај некои може и да се појави дури и од помислата дека во снегот има нечистотија.

Фобија од примање подароци (доронофобија)

Ова е страв од примање и отворање подароци и може да се појави кога добивате подарок од личност која не ви се допаѓа или од која не ни очекувате да биде фина со вас.

Номофобија

Се работи за страв дека нема да можете да го користите својот мобилен телефон. Најчесто е последица на прекинот на мрежата за време на многу студено време или пак за време на вечера со поширокото семејство, кога е пристојно да не се „ѕверите“ во телефонот.

fobii-shto-mozhe-da-bidat-predizvikani-od-praznicite-02.jpg

Криофобија

Како што и самото име кажува, се работи за страв од студено време и се појавува кај луѓето кои подолго време престојувале во предели каде зимите и студовите се многу интензивни.

Педофобија

Фобија од деца кои се собрани на куп, врискаат, бараат уште едно чоколадо и се сликаат со Дедо Мраз во трговските центри.

Страв од фотографирање

Сите се фотографираат! Сите! Од најстар до најмлад, со дедомразовска капа, со роговите на Рудолф, со празни кутии завиткани како подарок. Сите освен вие, што ви се лоши од самата помисла.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
Генијални и практични предмети направени од луѓе кои се родени да бидат дизајнери (фото) Страници од весник со дезен за пакување подароци, четка за коса со гратис алат з...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg