Фотките од храна помагаат за здрав живот: Каква корист имате од Инстаграм објавите и што кажуваат тие за вас?
Инстаграм се користи за најразлични цели – од забава и објавување секакви фотки до користење за бизнис цели, промоција и продажба.
Иако некои можеби мислат дека оваа социјална мрежа е глупост и губење време, истражувањата покажуваат дека некогаш може да биде корисна.
Исто така, фотките и ефектите кои се користат при објавите, може да кажат многу за карактерот и здравјето на корисникот.
Што откриваат истражувањата за поврзаноста помеѓу личноста и Инстаграм профилот?
Што откриваат боите и филтерот?
- Во едно истражување, научници анализирале профили на 179 луѓе (вкупно 25.394 фотографии). Истражувањето било фокусирано на бојата како еден од клучните елементи на стилот.
Тие забележале дека луѓето во врска, објавуваат слики со светли и впечатливи бои многу почесто од слободните корисници.
Светлите ефекти исто така ги користат екстровертите и луѓе кои се склони на нарцисоидност.
- Во друго истражување, биле анализирани 43.950 фотографии на Инстаграм корисници и било откриено дека луѓето со депресија често објавуваат слики.
На нивните фотографии има повеќе лица, но многу поретко користат ефекти. Во фотките на луѓето со депресија доминираат црни, сини и сиви тонови, како и црно-бели ефекти.
Што открива темата на фотографијата?
- Иако можеби не ви се допаѓа кога гледате стотици фотки од храна, сепак тие се изгледа корисни.
Истражувачите заклучиле дека кога луѓето споделуваат фотки од здрава храна, готвење дома, рецепти и оброци, полесно успеваат да се држат до здрава исхрана, па дури и да ослабат.
Така, Инстаграм профилот функционира како магазин или блог за правилна исхрана, а лајковите и коментарите ги мотивираат корисниците да продолжат да бираат здрави оброци.
- Некои експерти веруваат дека луѓето кои објавуваат многу фотографии со партнерот, се обидуваат да ги маскираат проблемите во врската. Описите и хаштазите кои ги користат, како „мојата девојка/мојот маж“ и слично, укажуваат на посесивност.
Што друго може да откриете според Инстаграм фотка?
- Луѓето кои имаат под 25 години, помалку се смеат на профилните фотографии.
- Корисниците на Инстаграм кои секогаш ги означуваат пријателите на фотките, се помалку склони кон осаменост, а оние кои објавуваат фотки во кои никој друг не е означен и не предизвикуваат дискусија, се поосамени.
- Селфи фотките не секогаш укажуваат на нарцисоидност. Има три групи на самобендисани: соговорници, автобиографи и себе-промовирачи.
- Првите споделуваат фотки за да ги вклучат пријателите и следбениците во дискусија, на пример кога се сликаат со ознака „јас гласав“ и слично.
- Вторите, сликаат селфи за да споделат некои убави моменти од животот, а не за да добијат лајкови.
- Третите, сакаат да документираат речиси сè од животот и се обидуваат да се истакнат во најдобро светло.
М. М. | Црнобело