Луксузен дом на Оливер Стоун
Кога во најавната шпица за некој филм ќе видите дека е снимен под режисерската палка на Оливер Стоун, тогаш знаете дека во најмала рака ве очекува...
...едно необично и непредвидливо филмско остварување.
А, кога не сето тоа се додаде станот во кој живее Стоун, а е дизајниран од Џебри Бредфилд, тогаш исто така очекувајте еден необичен и непредвидлив ентериер.
Станот на Оливер Стоун, роден њујорчанин, се наоѓа на приземје покрај реката Хадсон. Стоун вели дека израснал во близина на реката East River и дека му се допаѓа енергијата која ја дава водата.
„Влезниот ходник остава прв впечаток кај посетителите. Во него се гледа кој живее. Сакав да ставам до знаење дека овде живее филмски могул, па затоа се поставени постери од најпознатите режисери на филмови“ – истакнал дизајнерот.
Реката Хадсон, доминира во надворешното окружување, па затоа се сложиле дека станот треба да има многу поморски елементи. Она што го инспирирало дизајнерот е ентериер на јахта која била усидрена во Медитеранот.