Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пуштајте брада, жените потврдија: Мажите со брада се поатрактивни

Веќе подолго време брадата е во мода, а така било и во минатото. Оваа популарност на брадата во последно време се должи главно на хипстерите, а сега се пренесе на целата популација, па така мажите со брада се сметаат за позгодни од оние без брада.

Mazite-so-brada-se-poatraktivni-01.png

Верувале или не:

1 Ова е научно докажано

Студиите покажале дека од вкупно 8500 испитанички, скоро секоја ги преферирала мажите со брада.

На испитаничките им биле прикажувани фотографии од тазе избричени мажи, од мажи коишто имале подрасната брадичка од 5 дена, од мажи коишто не се избричиле 10 дена и од мажи коишто ја растеле брадата цел месец.

Изборот на жените бил сосема јасен.

2. Подраснатата брада е исто така многу привлечна

Можеме да заклучиме дека мажите со брада се поатрактивни. Но, интересно е да се забележи дека мажите со многу подрасната брада (со 10 дена неизбриченост) „собрале“ повеќе поени од оние со целосно израсната брада, коишто биле на второ место, а пак оние со брада од 5 дена завршиле на третото место.

Всушност, жените сакаат мажи чие лице не е мазно како бебешко газе.

3. Можеби причината се крие во еволуцијата

Според истражувачите, типичните машки карактеристики како дебели веѓи, јака вилица и издолжено лице се сите оние знаци кои укажуваат на јак тестостерон, нешто што на многу жени можеби нема да им се допадне.

Од друга страна, пак, мажите со брада се гледаат како позрели, па дури и социјално доминантни. Па сега, ако можете разберете ги жените.

4. Едноставно, мажите со брада се гледаат како подобри партнери

Како што заклучува истражувањето, мажите со брада се поатрактивни кога се во прашање сериозните врски, а не толку кога се во прашање врските на кратки патеки.

Ова е така бидејќи брадата индицира дека мажот е поспособен успешно да се избори со другите мажи за подобро социјално место и ресурси. Без разлика дали тоа е точно, мажите со брада се поатрактивни. Нормално дека не сите мажи со брада ќе бидат одлични партнери, но жените секако мислат така.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg