Куќата на Мерлин Монро
Пред неколку месеци беше објавено дека се продава куќата каде починала легендарната Мерлин Монро. Цената е 3.6 милиони долари. Куќата е...
...елегантна и едноставна, баш како Мерлин.
Една од најголемите легенди на филмското платно за свој дом, неколку месеци пред мистериозната смрт, одбрала едноставна калифорниска вила. Ја уредувала сама, купувала ткаенини, антиквитети и додатоци од Мексико.
Во својот дом Монро го имала и последното снимање во животот, за списанието Life. Иако пеела дека дијамантите се најдобар пријател на девојките, не се држела до ова правило во животот. Била многу едноставна и не ја интересирале премногу материјалните богатства.