7 нешта што за вас ги прават само вистинските пријатели
Да се има вистински пријател е ретка привилегија, во време кога луѓето се егоистични и настроени сами кон себе.
Сепак, има и такви среќници кои или имаат вистински пријатели уште од детството или ги стекнале подоцна во животот.
Вашите пријатели се подготвени да ви излезат во пресрет секогаш кога ви треба, исто како и вие за нив.
Но, постојат одредени ситуации во кои некои би ве оставиле така, но вистинските пријатели ќе „скокнат“ да ви помогнат.
1. Ќе ви кажат ако имате кармин или храна на забите
Тие дискретно ќе ве опоменат доколку ви останала храна меѓу забите или ако ви се размачкал карминот. Најверојатно веќе имате и договорен скриен знак за предупредување.
Не дека другите не би ви кажале, но не знаат дали ќе направат да се чувствувате непријатно со тоа.
2. Ќе ви го средат секое конче што ви виси на облеката
Ако ви излезе етикетата или лентите за закачалка, тие дискретно ќе ви помогнат со тоа што ќе ве опоменат или самите ќе ги прикријат. Во состојба се и дури да извадат ножичка и да го пресечат она конче што ви виси.
Оние кои не ви се блиски не ни знаат дали смеат да ве допрат во ваква ситуација.
3. Ќе ве почешкаат или измасираат за да се смирите
Ако сте вознемирени, ќе знаат дека ви помага да ве гушнат, да ве чешаат по темето или да ве измасираат.
Другите би се обиделе со зборови, што можат уште толку да ве изнервираат, иако немале таква намера.
4. Ви го чуваат миленикот кога мора да го оставите сам
Ако треба да патувате некаде, а свесни се дека миленикот не можете да го оставите сам, нема да им биде проблем да се грижат за него во тој период.
5. Можете да одите кај нив во секое време
Најчесто треба или само да им се најавите дека доаѓате за кратко, а не е исклучена можноста само да се појавите на вратата. Ако ништо друго, доколку не се во можност, ќе излезат пред зграда или во дворот и ќе ве дружат, знаејќи дека и вие би го направиле тоа за нив.
6. Секогаш ја имаат вашата омилена храна или пијалак
Без разлика дали се работи за храна или пијалак, кога и да одите кај нив, го има тоа во нивниот фрижидер. Во случај да го нема, не се срамат да порачаат самите да го купите одејќи накај нив.
7. Ви се јавуваат само за да ве чујат
Ги интересира како сте, дали се чувствувате добро и дали безбедно сте стигнале дома сношти и сето тоа е апсолутно искрено и од срце, без ронка глумење.
Е. Д. | Црнобело