Сите типови на насмевки и нивното значење со кои може да го „прочитате“ соговорникот
Со право се вели дека без насмевка не сте комплетно „облечени“, а кога сте насмеани зрачите со поразлична енергија и сте повпечатливи во околината.
Сепак, постојат различни типови на насмевки – од искрени до лажни и флертувачки.
Според насмевката, може лесно да откриете какви намери има соговорникот, што мисли или како се чувствува.
Во продолжение погледнете кои типови на насмевки постојат и кое е нивното значење:
Насмевка со затворенa уста
Насмевка која ја преферираат политичарите, а укажува на тоа дека личноста знае нешто важно, но нема во план да ја сподели тајната.
Искривена насмевка
Луѓето кои можеби се малку збунети и не се сигурни што да ви пренесат ја имаат оваа насмевка. едната страна на усните која е крената нагоре укажува дека има нешто добро за вас, а другата која е навалена надолу значи дека не е сè толку добро.
Исфорсирана насмевка
Во деновите кога луѓето не се расположени, но ситуацијата сепак бара од нив да изгледаат така, или кога некој ќе каже несмешна шега, а непријатно е да не се насмеат, насмевката изгледа исфорсирано.
Иако усните се широко отворени и се обидуваат да се смеат, очите не го покажуваат тоа...
Оригинална насмевка
Широката насмевка и контурите околу очите ја издаваат оваа искрена насмевка која прикажува среќа и шири позитивна енергија.
Насмевка со сарказам/потсмев
Насмевка која укажува на потсмев и презир кон другите се карактеризира со споени усни благо завртени нагоре и очи благо подзамижани кои откриваат омраза.
Горда насмевка
Кога усните се залепени една за друга, а едната страна на устата е малку поткрената и брадата е малку вовлечена, зависно од ситуацијата, може да биде знак на ароганција или на задоволство од сам себе.
Насмевка со отворена уста
Можеби не изгледа многу привлечно, но без сомневање шири среќа и добро расположение.
Флертувачка насмевка
Многу слична на горделивата насмевка, но попривлечна и со разлика што усните може да бидат благо гризнати, што укажува на мистериозност и флерт.
М. М. | Црнобело