Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека сте пораснале иако одбивате да го прифатите тоа

Според годините сте возрасни, но според духот, мислите дека сè уште сте во тинејџерските години.

10-znaci-deka-ste-porasnale-iako-odbivate-da-go-prifatite-toa-01.jpg

Иако за себе никогаш не би рекле дека сте возрасна личност, постојат знаци кои ќе ви докажат дека тоа се случило, колку и да одрекувате.

Можеби блиските постојано ви велат дека е време да пораснете, мислејќи на вашиот карактер, но вие се противите на тоа и сакате што подолго да останете во младоста.

Жал ни е да ви кажеме, но ако се препознавате во овие 10 знаци, не останува ништо друго, освен да ви честитаме што сте станале возрасна личност:

1. Имате рутина за пиење кафе

Го пиете наутро, веднаш по појадокот, со маааалку шеќер и неколку капки млеко, не многу топло, но не ни ладно... Помирете се, веќе пораснавте!

2. Знаете да ја исперте својата облека

Знаете кој прашок е за шарена облека, дека црната најубаво се пере со течен детергент и дека машината се чисти со оцет и сода бикарбона. Браво!

3. Имате напишано службен мејл

Па има ли појасен знак од овој?

10-znaci-deka-ste-porasnale-iako-odbivate-da-go-prifatite-toa-02.jpg

4. Имате распоред за спиење

Ако веќе не се родителите оние кои ви кажуваат кога треба да си легнете, тогаш вие сте личност која има целосно испланиран ден - самостојно!

5. Знаете алтернативни патишта до работа

Можеби едната постојка ви е најблиску до дома, но ако испешачите 5-6 минути, стигнувате до друга, каде автобусот се движи по помалку прометна улица. И ова заслужува пофалба!

6. Сте ја однеле колата на мајстор сами

Било да ѝ се случило нешто непредвидено или вие сте заборавиле да го смените маслото, самото тоа што сте ја однеле на мајстор, ве прави возрасни и одговорни.

7. Сте патувале во сопствен режим

Без родители, без туристички агенции, без резервации. Едноставно, сте тргнале сами или со пријател и на лице место сте нашле сместување.

10-znaci-deka-ste-porasnale-iako-odbivate-da-go-prifatite-toa-03.jpg

8. Се жалите од денешните млади

И сте си замериле што звучите како некоја налутена тетка...

9. Сте гласале на избори

Ништо не прави да се чувствувате повеќе возрасни од моментот кога првпат ќе излезете на избори и ќе го дадете својот глас.

10. Имате роковник

Некогаш не ви беше проблем да памтите или да поставувате потсетници на мобилниот. После пораснавте и сфативте дека паметниот запишува...

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
9 знаци дека треба да престанете да се трудите толку многу (и ќе ви биде подобро) Ако има здодевна задача што никој не сака да ја заврши, дали секогаш вие сте тој...
11 знаци дека сте „црната овца“ во семејството Успесите ви се поздравени со потсмев... „Честитки за изложбата, убаво е да имаш ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg