Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се изборите против осаменоста во време на празничната сезона?

Ноември е месец кога започнува празничната сезона, имендени, слави, а потоа и Нова година и Божиќ. Продавниците веќе ги имаат извадено украсите, но вас некако не ви е дојдено до славење.

kako-da-se-izborite-protiv-osamenosta-vo-vreme-na-praznichnata-sezona-01.jpg

Постојат многу причини поради кои може да се случи да не сте со блиските за време на празничната сезона. Можеби немате време поради работните обврски, далеку сте од дома или пак, сте прекинале долга врска токму во овој период.

Но, тоа не е причина да не се забавувате.

Одете во шопинг по декорации

Ако не сте дома, нема ништо лошо во тоа да сакате празнична атмосфера. Купете си мала елка, светилки и украси, но не заборавајте и шише добро вино и нешто за јадење. Одлично време за да ги изгледате сите омилени филмови и серии е токму празничното.

Организирајте вечер со подарување

Соберете пријатели и договорете се секој да донесе подарок. Играјте лотарија и така секој ќе си замине со некаков подарок од кај вас. Овој настан сигурно ќе се прераскажува и во иднина.

kako-da-se-izborite-protiv-osamenosta-vo-vreme-na-praznichnata-sezona-02.jpg

Направете колачиња и испратете ги на блиските

Постојат многу рецепти за празнични колачи достапни на интернет. Одберете го оној кој ви е најлесен за подготовка, испечете ги, спакувајте ги во убава кутија и пратете ги на саканите. Не заборавајте да оставите и солидна количина за себе.

Составете плејлиста со празнична музика

Направете листа со новогодишни песни и оставете ја да врти во позадина, доволно тивко за да не ви пречи, но доволно гласно за да ве орасположува.

kako-da-se-izborite-protiv-osamenosta-vo-vreme-na-praznichnata-sezona-03.jpg

Отпатувајте за викенд сами

Не се обврзувајте со договори и не зависете од обврските на другите. Доволно сте возрасни и зрели да резервирате превоз и хотел и да го спакувате ранецот. Ќе си поминете навистина подобро отколку што очекувате.

Прочитајте нешто што ви прави задоволство

Изберете книги кои не се типични за вас. Љубовни романи, сапуници, лесни четива, нешто што нема премногу да ви го заморува мозокот, а ќе остави насмевка на вашето лице.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg