35 добри навики кои не бараат многу труд, а ќе ви го променат животот на сите полиња
За да си го направите животот поубав, не мора да направите големи промени во секојдневието.
Некогаш е доволно да си поставите мали цели кои ќе ги постигнувате полесно, но ќе имаат поголем ефект.
Чекор по чекор, вметнете нови навики кои ќе бидат корисни за различни области во вашиот живот.
Доколку не знаете од каде да почнете, во продолжение погледнете листа со добри навики:
За здравје и убавина
1. Пијте повеќе течности. Пијте чаша млака вода со лимон секое утро на празен стомак, а на работа ставајте си шише вода на биро.
2. Заменете го едноличниот оброк со богата салата со разни зеленчуци. Додадете барем едно овошје во дневното мени.
3. Започнете го денот со 10-15 минути физичка активност. Може да биде пешачење, јога, вежбање, вртење орбитрек или возење велосипед до работа.
4. Појадувајте во првите 30 минути откако ќе станете.
5. Откажете се од електронски уреди 30 минути пред да си легнете.
6. Наутро и навечер, мијте го лицето со ладна вода или поминете со коцка мраз.
7. Обидувајте се повеќе да пешачите и да станувате од столче почесто во текот на денот.
8. Пред да нанесете козметика, проверете го рокот и квалитетот.
За лична ефективност
9. Станете половина час порано. Посветете го ова време на сите работи кои вообичаено не ги стигате наутро.
10. Планирајте го денот. 15 минути секојдневно планирање ќе ви помогне да заштедите залудно изгубено време подоцна.
11. Планирајте си ја цела седмица во недела. Така подобро ќе си ги организирате обврските и нема ништо да остане незавршено.
12. Поставете си приоритети. Златното правило – 80% од трудот треба да биде насочено кон решавање на приоритетни прашање, а 20% на секундарни.
13. Читајте повеќе. Текот на нови информации ќе ви ја подобри меморијата и ќе ја подобри ефикасноста.
14. Излегувајте 15 минути порано од планираното. Колку помалку доцните, толку помалку стрес и пропуштени шанси ќе имате.
За финансии
15. Тргајте настрана 10% од месечниот приход.
16. Пазарете намирници на неделно ниво. Најдобро би било да се држите до здрав начин на исхрана, за да не трошите прави на штетни грицки.
17. Не одете во продавница гладни или тажни. Така импулсивното купување потешко се избегнува.
18. Активно користете промоции, кешбек, лојални програми и бонуси.
19. Купувајте облека на крај на сезона наместо на почеток. Така многу работи ќе бидат на попуст.
20. Бидете отворени за бесплатна занимација. Многу изложби, музеи и слични активности или институции имаат бесплатен влез во одредени денови.
21. Организирајте буџет за големи подароци. Подобро е да тргате и собирате секој месец по малку отколку 1 ден пред настанот да одвоите голема сума.
За љубовта и односите со блиските
22. Прегрнувајте се повеќе. Не го игнорирајте ова мало дело, бидејќи секојдневното прегрнување со партнерот, родителите, децата и саканите ги подобруваат односите.
23. Не мислете и носете заклучоци сами за другите. Прашајте. Еден краток разговор е многу поефективен од часови размислување.
24. Помалку комуницирајте со токсични луѓе. Слободно скратете ги средбите со луѓе кои не ви прават добро.
25. Избегнувајте да се жалите, критикувате или озборувате.
26. Јавувајте им се почесто на родителите и на старите пријатели. Барем неколкупати неделно.
27. Поминете време сами со саканите. Некогаш е тешко, но најдете барем 1-2 дена во неделата за да си посветите време.
28. Не избегнувајте групи за поддршка или тематски заедници. Комуникацијата со луѓе со слични интереси е многу важна.
За поубав живот
29. Пробувајте нови работи. Независно дали се работи за ново јадење или ново хоби.
30. Намалете го темпото. Еднаш неделно освојте време за себе – медитирајте, гледајте во сонцето, полека пешачете, фантазирајте, ослободете се од динамиката.
31. Исчистете го просторот околу вас. Секоја недела фрлајте или давајте по 4 непотребни работи, излезете од некорисни јавни страни на социјалните мрежи и сл. Во чист дом и информациски простор, полесно се дише.
32. Најдете време за креативност. Дури и ако мислите дека не сте талентирани. Најдете нешто што ве релаксира и подобрувајте се во тоа. Одвојте по половина час 3 пати неделно за оваа активност.
33. Сонувајте. Кога ги замислувате деталите за вашиот совршен живот, ги зголемувате шансите за нивно реализирање.
34. Правете добри дела. Барем еднаш месечно, помогнете на некој што му е потребна помош – донирајте пари или облека и слично.
35. Присетете се на сите убави работи во животот и бидете благодарни. Потрошете 5 минути од вечерта да се потсетите на сите убави работи, макар и ситници кои ви се случиле дента и бидете благодарни за нив.
М. М. | Црнобело