Кое е значењето на мандалатa?

Мандалите се мистични и привлечни, но дали го знаете нивното значење? Дали знаете дека може да ви помогнат да се поврзете со себе.

koe-e-znacenjeto-na-mandalata-01.jpg

Се работи за универзален симбол, кој е познат по своите најразлични форми. Го има и во палеолитските гравури, но и во тибетанскиот будизам.

Мандалата во основа претставува целина, единство и баланс. Тие се симбол на психолошката рамнотежа, вселенскиот баланс, а може да се сретнат и во религиски обреди.

На Тибет, на пример, тие се помагало за медитација, кај келтите се симбол на телото, умот и духот, а Карл Густав Јунг ги цртал кога сакал да ја протолкува својата моментална состојба на душата.

koe-e-znacenjeto-na-mandalata-02.jpg

Дали може да ја цртате и вие?

Во денешно време мандалите се популарен метод за ослободување и смирување на умот. Доколку сте креативни, прецизни и уметнички надарени, можете да ги создавате и самите, пренесувајќи ги во нив сите нешта кои ви се измешани во главата и духот.

Но, доколку не умеете, можете да ги испечатите готовите шаблони и да почнете да боите, без да следите никакви упатства.

Се верува дека мандалата носи посебна вибрациска енергија која го подобрува менталното, емоционалното, физичкото и духовното здравје. Исто така, може да помогне и да се чувствувате убаво, смирено и стабилно и да ги ослободите креативноста и разбирањето за светот.

Обидете се да ја внесете мандалата во својот секојдневен ритуал за поврзување со себе. Ништо не губите ако се обидете.

koe-e-znacenjeto-na-mandalata-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg