Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчудните последни желби на славните - останки замотани во џоинт, забава наместо тажно бдеење

Доколку треба да напишете тестамент, имате некаква идеја што би посакале по својата смрт? Дел од познатите и славните луѓе низ историјата очигледно долго и внимателно ги составувале своите последни желби.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite-01.jpg

Дел од нив решиле дека кучињата им се побитни од семејството или пак дека сакаат забава и славење на животот, наместо тажно бдеење над покојникот… прочитајте малку повеќе за најчудните желби во тестаментите на славните и познатите:

Чарлс Дикенс

Според неговата последна желба во тестаментот, на сите присутни на неговиот погреб им било забрането да носат шалови со спортски амблеми и натписи, наметки, црни пеперутка-машни, капи со долга стреа или каква и да било друга „одвратна апсурдност“.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (9).jpg

Хари Худини

Познатиот магионичар ѝ оставил на својата сопруга таен код со чија помош сакал да ја контактира од „задгробниот живот“.

Таа спроведувала сеанси секоја година на денот на неговата смрт, односно на „Ноќта на вештерките“, но ниту една не се покажала успешна.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (1).jpg

Наполеон Бонапарта

Големиот француски император побарал по неговата смрт да му ја избричат главата и перчиња од косата да им бидат поделени на неговите пријатели.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (2).jpg

Мерилин Монро

Русокосата ѕвезда решила да не му остави ништо на семејството во тестаментот. За наследник го посочила нејзиниот ментор по глума, Ли Страсберг, а сите нејзините лични предмети биле лоцирани во неговиот подрум до неговата смрт.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (3).jpg

Џенис Џоплин

Пејачката оставила 2.500 долари наменети за организирање на забава по нејзината смрт во омилениот паб.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (10).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg