Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 карактеристики на пријателот што треба да го задржите во својот живот

Во текот на животот, особено во младоста, се стекнувате со завидна бројка познанства, но само дел од ни преминуваат во вистински пријателства.

tochniot-tip-na-prijatel-shto-treba-da-go-zadrzhite-vo-svojot-zhivot-01.jpg

Исто така, често доаѓате до момент кога се преиспитувате дали некои личности вреди да останат во вашиот живот и колку би можеле да функционирате без нив.

За најлесно да бидете сигурни дека покрај себе го имате вистинскиот пријател, проверете дали ги поседува следните карактеристики:

1. Вие разговарате половина со интерни шеги, а половина нормален разговор. Можеби дури имате и измислен јазик или се разбирате само со поглед.

2. Мисли на вас, па понекогаш и ве става пред себе, особено ако е во прашање избор на омилено кафуле или храната која ќе ја јадете.

tochniot-tip-na-prijatel-shto-treba-da-go-zadrzhite-vo-svojot-zhivot-02.jpg

3. Пријателот кој ќе пие заедно со вас кога ви е тешко, а следниот ден ќе се тешите со мрсна храна.

4. Оној кој беше покрај вас кога ви се случуваа најлошите нешта во животот и тоа го правеше со искрена намера, без воопшто да помисли да ви се сити.

tochniot-tip-na-prijatel-shto-treba-da-go-zadrzhite-vo-svojot-zhivot-03.jpg

5. Оној кој ќе се сеќава на сите важни нешта кои вие некако сте ги заборавиле. Вашите мозоци, всушност се надополнуваат.

6. Оној кој нема да ја „засладува“ вистината, бидејќи знае дека искреноста може и да боли, но дека води до најдобриот исход.

tochniot-tip-na-prijatel-shto-treba-da-go-zadrzhite-vo-svojot-zhivot-05.jpg

7. Пријателот со кој можете да поминете цел викенд гледајќи видеа без некоја посебна тема или содржина и да ви биде навистина забавно.

8. Оној кај кого се чувствувате како дома и никогаш немате потреба да се заблагодарувате, од причина што тоа се подразбира.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg