За мерачко читање книги!
Потполно е неважно дали сте страствен љубител на книгите или само понекогаш читате, но постојат моменти кога сте толку мрзливи што единствено размислувате...
...како да се пикнете во нешто удобно. И тогаш добро би ви дошло опуштено читање.
Удобно се сместивте, но ви текна дека книгите ви се во друга соба на другиот крај од станот. Ех, да може некој да ви ја донесе или барем да имавте моќ за телекинеза...
Ако се препознавте во оваа ситуација, тогаш „Татик“ е створен за вас. Навистина, нема да ги поместува книгите за вас, но ќе ви ги држи на дофат во секое време.
Фотелјата Татик ја дизајнирал Tembolat Gugkaev, а ви овозможува да читате кога сакате без да се поместите од удобното меко седло. Можеби не изгледа модерно, но нејзината функционалност е погодена за сите кои сакаат да читаат.
Доколку овој дизајн не ви одговара, Gugkaev смислил и подвижно плакарче со полици за книги, кое може да го ставите каде сакате. Освен интересниот облик, служи и како светилка.