Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како бајките пренесуваат погрешни лекции и сфаќања на децата?

Бајките сите ги сакаме и не можеме ништо против тоа, но родителите мора да бидат искрени со своите деца - тоа се само бајки и се далеку од реалноста.

kako-bajkite-prenesuvaat-pogreshni-lekcii-i-sfakjanja-na-decata-01.jpg

Речиси секое дете ужива слушајќи ги приказните за Снежана, Пепелашка и Аурора, но за жал, овие бајки се далеку од она што реално биле.

Веќе знаеме за оригиналните бизарни и морничави верзии на приказните на браќата Грим и како тие претрпеле измени и адаптации за да бидат прифатливи за деца.

Сепак, многу родители сметаат дека и понатаму нешто не е во ред со овие приказни, особено во време кога сите сме еднакви и кога треба да нема поделби по каква било основа.

Ова се најчестите начини на кои бајките пренесуваат погрешни пораки, а кои родителите ги забележале:

Девојките може да бидат спасени само од мажи

Принцот дојде со чевличката на Пепелашка, друг принц ја бакна Аурора и ја разбуди од стогодишен сон, а трет принц ја „оживеа“ Снежана исто со бакнеж.

Многумина се согласуваат дека ваквиот пристап е навредлив и кон мажите и кон жените, бидејќи на машкиот бакнеж му се дава натприродна моќ, а на жената ѝ се одзема индивидуалноста и способноста сама да се снајде.

kako-bajkite-prenesuvaat-pogreshni-lekcii-i-sfakjanja-na-decata-02.jpg

Крајна цел е бракот

„Си живееја среќни засекогаш“ е реченица која ја има во секоја бајка, па која може да создаде лажни очекувања и кај мажите и кај жените.

Во сите бајки крајна цел е венчавка и создавање семејство. Но, постоеле, постојат и ќе постојат оние кои сакаат да постигнат и други нешта, а бракот не е меѓу нив.

Во бајките ретко има диверзитет и има искривени стандарди за убавина

Долго време убавите принцези од бајките имаа порцеланска кожа, носат мал број чевли, преслаби се, постојано имаат црвен кармин, а очите им се крупни и сјаат со неприроден сјај.

За среќа, Дизни почна да ги решава овие проблеми воведувајќи ги во принцезите и Покахонтас и Мулан и Моана и Јасмин.

kako-bajkite-prenesuvaat-pogreshni-lekcii-i-sfakjanja-na-decata-03.jpg

Женските ликови се врзани или со дом или со маж

Додека Пепелашка чистеше низ домот, нејзините полусестри ја бараа добрата прилика за мажење. Џуџињата копаа во рудникот, а Снежана им вареше чорба и им ги переше униформите...

Секогаш имаат лоша маќеа, полусестра или има љубоморна противничка која станува вештерка

Дури и негативните ликови во бајките се најчесто жени, кои се злобни, љубоморни и фрустрирани. Многу пати токму предрасудите од бајките биле виновни за неприфаќање на маќеата или раздор помеѓу браќа и сестри кои делат еден родител.

kako-bajkite-prenesuvaat-pogreshni-lekcii-i-sfakjanja-na-decata-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg