Карактерот според датумот
Датумот на кој сте родени открива дел од вашите карактеристики. Проверете колку има вистина и поврзаност меѓу денот на раѓање и вашата личност.
1 – Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Бурни се во љубовта и никогаш не се повлекуваат во тишина. Не се замерувајте со нив.
2 – Родените на втори се карпи и трње. Да се биде со нив е голема чест, но и ризик. Никогаш не простуваат предавство.
3 – Родените на трети се како камен и афион. Опиеноста од себе често им удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.
4 – Родените на четврти се како мали кутриња. И умеат да гризаат, зар не? Со нив во љубовта никогаш не сте сигурни. Дали ќе остане со вас или нема?
5 – Се споредуваат со чаша полна мед, а под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, затоа долго ќе останете жедни.
6 – Луѓето родени на 6-ти се како врани. Она што ќе го најават, тоа и ќе го исполнат. Лесно е да ги повредите. Многу се чувствителни.
7 – Тие се како птица во лет. Малку на небото, малку на земјата. Набљудуваат. Знаат да бидат мошне забавни во друштво.
8 – Родените на осми се како театарски актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат ја завршуваат како што треба. По свое.
9 – родените на деветти се како ларви. Се развиваат во убави пеперутки, но брзо се “гаснат“ ако не се хранат со љубов.
10 – родените на десеттиот ден од месецот имаат карактеристики на желка. Секогаш доаѓаат до целта, без оглед на патот кој треба да го изодат. Ништо не им е тешко.
11 – Тие се како море. Неистражени и привлечни, но и опасни ако ги изневериш. Немој ништо да им ветуваш, ако не си во состојба да го исполниш.
12 – Родените на 12-ти имаат карактеристики на патка. Немирна од надвор, мирна од внатре. Прават добри дела на сопствена штета.
13 – Луѓето родени на 13-ти во месецот се тешко дофатливи. Карактеристики на коприва. Додека сакаат простуваат дури и невертво. Иако не сакаат да заповедаат, папучи носат само на нозете.
14 – Лавовски број за лавовски карактер. Ловат додека не уловат, но и одбиваат ако не им одговара “мирисот“. Многу се паметни и итри.
15 – Родените на 15-ти се како кртови. Не се откажуваат по ниту една цена. Сакаат додека не се изгорат. Се држат до стилот.
16 – Родените на 16-ти се како бамбусово дрво. Флексибилни и итри. Лесно е да им пријдеш затоа што се приемчиви кон секого. Дарежливи додека некој не ги изневери.
17 – Родените на 17-ти се како плима и осека. Добри, но внимателни во одлуките. Клучот секогаш лежи во нивни раце.
18 – Родените на 18-ти се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога ќе ги освоиш даваат мир и сигурност. Внатре горат, но од надвор тешко ќе забележите.
19 – Истрајни во она што ќе наумат. Оставаат трага и впечаток каде и да се појават. Тежок и специфичен карактер.
20 – Родените на 20-ти имаат карактеристики на полжав. Бараат сигурност, а би патувале доживотно. Тешко е да им се погодите бидејќи се несигурни во себе.
21 – Карактер на стоногалка. Необичен спој на љубов и војна. Премногу сакаат од еднаш. Се шират на сите страни, па тешко се враќаат назад.
22 – Луѓе – срни. Топли и отворени, полни сочувство за останатите. Свесни се за своите можности и способности и никогаш не се преценуваат.
23 – Родените на 23-ти се како перја од гуска. Од една страна глатки, но со другата бодат право во грб. Често се непредвидливи.
24 – Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Често пати знаат да се преморат од работа, но упорноста е нивна главна карактеристика.
25 – Како коњите. Малку бараат за себе, а прават многу работи за останатите. Прашуваат за да не погрешат. И туѓите грешки не ги прифаќаат лесно.
26 – Карактер на слон. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе го премолчат нападот отколку да вратат со навреда.
27 – Карактер на видра. Среќата не ги заобиколува, но ја чекаат долго време. Иако слушаат, често не ги дослушуваат соговорниците.
28 – Секогаш се борат за правда иако често ја губат битката. Активни и жестоки, настојуваат да го променат светот и правилата.
29 – Родените на 29-ти имаат карактер на петел. Ги чуваат блиските од секакв напад. Големи романтичари (но, кријат). Сакаат да покажуваат на дело.
30 – На 30-ти се родени луѓето – мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат навистина и го мислат.
31 – Совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат многу, не откриваат многу за себе. Знаат да донесуваат брзоплети одлуки често.