Кои мириси го возбудуваат?
Познато е дека мирисот на партнерот игра важна улога. Докторот Алан Хирш, познат како истражувач на миризбите, во своето истражување покажа дека...
...мирисот делува и тоа како привлечно.Во тестирањето учествувале 31 жена од 18 до 64 години.
Нивната прва задача била да помирисаат 24 различни мирисни ноти. Најпопуларните 6, Хирш ги помешал и направил 30 мирисни проби.
За да може да го измери порастот на сексуалната желба, додека мажите ги инхалираат дотичните мириси, Хирш го мерел дотокот на крв во пенисот.
Мирисната комбинација од лаванда и колачи од тиква поминала изненадно добро. Во дури 40% од случаите успеала да ги возбуди мажите.
Интересно е дека кај 31.5% од мажите крвотокот во пенисот бил зголемен на мирисот на крофни.Во комбинација со лаванда, желбата растела за 18%.
На трето место на најпопуларни мириси се нашла комбинацијата на колачи од тиква и крофни.
Овошниот мирис го сакаат 19.5% од испитаниците. Посебно го сакаат мирисот на портокал. Сега знаете каков сок да му сервирате.
Верувале или не, кај 9% од мажите и мирисот на пуканки делувал стимулативно. Можеби заради помислата на интимни средби во кино.