Клише Инстаграм фотки од кои на сите им е смачено и не добиваат лајкови

Инстаграм со текот на годините стана агрегатор на клише фотографии, кои некогаш беа многу „лајкувани“.

klishe-instagram-fotki-od-koi-na-site-im-e-smacheno-i-ne-dobivaat-lajkovi-01.jpg

Скокање во висина и фатен во кадар моментот додека лебдите, храна од секој агол, стапала кон море, вашата силуета како гледа во далечините...

Веќе знаеме дека Инстаграм се претвори во место каде се споделуваат неколку основни типови на фотки, во кои има сè помалку креативност, а сè повеќе шаблон.

Ова се дел од нив:

Стапала

Никој не знае од каде започна фасцинацијата од стапалата и нивното споделување на социјалните мрежи, но едно е сигурно - треба што побрзо да запре овој тренд.

klishe-instagram-fotki-od-koi-na-site-im-e-smacheno-i-ne-dobivaat-lajkovi-002.jpg

Храна

Секој оброк се претвори во акција на барање добар агол и доволна осветленост, за храната да се сподели на Инстаграм и да, тоа сè уште е тренд.

najklishe-fotki-na-instagram-koi-skoro-nikoj-veke-ne-gi-srcka-02.jpg

Скок во височина

Скок со Ајфеловата кула во позадина, скок од карпа, скок во море, варијација на тема скокови, кои бараат акцијата да се изведе повеќе пати. Но, подобро би било ако наместо тоа, уживате во моментот.

najklishe-fotki-na-instagram-koi-skoro-nikoj-veke-ne-gi-srcka-03.jpg

Селфи-стикови

Селфи-стиковите ги измислија за да се избегне некој кој сте го замолиле да ве фотографира да избега со вашиот мобилен. Беше во ред додека не се претеруваше, но навистина, зошто ви е селфи-стик за во ресторан со пријателите?

najklishe-fotki-na-instagram-koi-skoro-nikoj-veke-ne-gi-srcka-04.jpg

Срце направено со раце

Срцето може да биде насочено кон небото, кон некој објект или кон личност. Толку креативна и никогаш видена визуелна илузија - кажал никој никогаш.

najklishe-fotki-na-instagram-koi-skoro-nikoj-veke-ne-gi-srcka-05.jpg

Од висина

Ќе наредите на маса книга, кафе, цвеќе и таблет и мислите дека сте направиле фотогенична композиција на предмети. Патувате некаде? Карта на светот, со пасош и (не дај Боже) билетите за летот (со видливи податоци), како и неизбежните нозе во волнени чорапи и чајот во кревет. Навистина е доста.

najklishe-fotki-na-instagram-koi-skoro-nikoj-veke-ne-gi-srcka-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg