Facebook ја уништи интимата
Пред неколку години да се најдеше некој да ни каже дека една интернет страница ќе успее неверојатно многу да го промени нашиот секојдневен разговор...
...и односи со луѓето, никој не би поверувал.
Но, Facebook успешно го направи тоа. Ретко кое кафе излегување поминува, а да не се спомне оваа друштвена мрежа. Она што се случува на Facebook влијае на секој аспект на нашиот живот.
Покрај се останато, Facebook успева да ги спои и доближи луѓето. Успева ди ги зацврсти односите, но и да скрши голем број срца.
1. Запознавање пред запознавање. Зар постои подобар начин денес за истражување на потенцијалниот дечко/девојка. Facebook е креиран за љубопитни луѓе. Бидете сигурни дека многу од вашите потенцијални партнери пред да се најдете ќе го истражат вашиот профил за да имате тема на муабет. Внимателно! Ако ви е отворен профилот, ќе ви прочачкаат се.
2. Во првата фаза на запознавање, Facebook може да биде корисен. Може да ги дознаете неговите/ нејзините интереси, хобија, пријатели. Е, проблемите настануваат кога се во прашање поранешните партнери. Имате уште заеднички слики на профилот? Е, очекувајте прашања и погрешни заклучоци. Време е да се ослободите од овие фотографии. Барем ако сакате да имате нова мирна врска.
3. Магијата на статусот „In a relationship“. Денес врската не е официјална ако не и го промените и официјално статусот на Facebook.
4. Постојат неколку типа луѓе на Facebook: оние кои никогаш немаат статус и се прават незаинтересирани, а всушност нон-стоп ги анализираат туѓите профили; оние кои после секоја караница со партнерот веднаш стануваат „Single“ за наредниот ден да се вратат пак во „In a relationship“; оние кои постојано замараат со годишници, месечнини, недели па секој ден во „Home“ ви се појавува по некоја нивна љубовна прослава. Во кои спаѓате вие?
5. Статусот на Facebook на многумина им е доста важен. Колку и да тврди дека не и е важно, знајте дека кога – тогаш ќе се запраша па зошто сте се уште „Single“ на Facebook. А што значи „It’s complicated“. Потреба за привлекување внимание? Желба сите да ве запрашаат: Зошто? Кога? Со кого? Или да добиете „Like“ од сите симпатии?
6. Изливи на љубомора. Facebook може и тоа како да предизвика љубомора. Уште пред да му кажете на партнерот со кој сте биле вчера, вашите слики од вечерта се на Facebook. Веќе и нема некаква приватност. Сите знаат каде сте биле, со кого, зошто, што сте пиеле, што сте јаделе, сте се облекле 3 пати во исто...
Facebook од една страна навистина ја олесни комуникацијата. Но, со тоа, одредени аспекти од нашиот живот ги направи видливи на сите. Заради тоа губиме на значење.
Колку и да се трудиме да го сфатиме само како добра забава, Facebook влијае на нашите одности, а некако се чини дека во тоа најлошо проаѓа нашиот љубовен живот.