6 знаци дека се жртвувате и правите премногу работи за другите

Кога заедницата во која припаѓате бара од вас да се однесувате на однапред определен начин, може да се случи да се изгубите себе.

dali-neshtata-so-koi-gi-pravite-drugite-srekjni-ve-zhrtvuvaat-vas-samite-01.jpg

Под заедница се мисли и на семејство и на друштво, на работен колектив или слични здружувања за одредена цел. Некогаш навистина треба да се откажете од нешто или да направите компромис, но тоа не смее да влијае врз губењето на вашата личност.

Ова се шест знаци дека правите премногу работи за другите и по цена самите да бидете несреќни:

1. Вие сте единствени кои правите жртва за односот

За да го задржите мирот дома, со пријателите или во врската, премолчувате многу нешта. Бесот тлее во вас, но не кажувате ништо, за да не избие конфликт.

Нема ништо лошо во тоа да премолчите некои нешта, но тоа да биде во разумни дози, за да не ја изгубите својата индивидуалност во име на некој однос од кој ништо не добивате или пак добивате сосема малку.

2. Им дозволувате на родителите да ги диктираат вашите одлуки

Секогаш е добро да ги информирате родителите за своите одлуки, да ја побарате нивната поддршка или да добиете совет. Но, внимавајте дали тие влијаат премногу врз вашите одлуки и нивното влијание ве прави несреќни.

Запомнете, за своите големи одлуки одговарате вие самите. Можеби родителите ви мислат најдобро, но нивните совети и сфаќања може да ве „заглават“ во негативна и контрапродуктивна средина.

dali-neshtata-so-koi-gi-pravite-drugite-srekjni-ve-zhrtvuvaat-vas-samite-02.jpg

3. Мислите дека кариерата на партнерот е поважна од вашата

Доколку партнерот има поголема плата од вас, тоа не значи дека неговата или нејзината кариера е поважна од вашата. Можеби само уште не дошле вашите пет минути.

Многу е поважно тоа што и самите заработувате и сте самостојни и учествувате во заедничкиот буџет, без разлика на тоа што придонесувате со помала сума. Најважно во односот е и двајцата да сте среќни, без оглед на висината на платата.

4. Сметате дека жената треба да биде домаќинка

Овој став е погрешен кога доаѓа и од машкиот и од женскиот пол. Иако во глобала, ваквиот став е искоренет, сепак сè уште постои кај поединци.

Обврските, без разлика дали се домашни или работни, треба да бидат рамноправно поделени меѓу двајцата партнери.

dali-neshtata-so-koi-gi-pravite-drugite-srekjni-ve-zhrtvuvaat-vas-samite-03.jpg

5. Мислите дека треба да побарате дозвола од брачниот партнер пред нешто да направите

Слично како и во односот со родителите, споделување и совет се добри, сè додека партнерот не влијае врз вашата конечна одлука.

Кога треба да одлучите нешто, советите и мислењето на партнерот нека ви бидат само ориентација, но не и клучен фактор.

6. Мислите дека откако ќе добиете деца е во ред да работите помалку

Некои семејства се договараат по раѓањето на децата, мајката е таа која ќе остане дома и ќе ги одгледува. Некогаш тоа е најразумната одлука, но доколку имате постојана работа и напредувате во кариерата, секогаш може да се потпрете на градинките, бабите и дедовците или да ангажирате дадилка.

Ако сте мајка која размислува да остане дома за да го чува детето, треба да бидете сигурна дека тоа е навистина ваша одлука и дека го сакате тоа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg