„Биди човек, не ѓубре“ - 18 начини како да живеете со помалку пластика

Пластиката ѝ штети на планетата Земја. Таа ги преполнува депониите и ги загадува океаните.

18-nacini-kako-da-ziveete-so-pomalku-plastika-01.jpg

Но, пластиката е лоша е и за нашето лично здравје. Хемикалиите коишто се користат за да се омекне и формира пластиката може да доведат до најразлични нарушувања на здравјето, како што e хормоналниот дисбаланс, резистентноста на инсулин и репродуктивната дисфункционалност.

Еве неколку совети како да ја намалите пластиката којашто вие ја користите и оставате како отпад:

1. Купете си стаклено или иноксно шише за вода. Луѓето низ целиот свет постојано купуваат шишиња вода секоја минута, само во САД преку 60 милиони шишиња завршуваат на депонија секој ден.

2. Користете платнени пелени, наместо пелени за еднократна употреба. Во САД се фрлаат преку 20 милијарди пластични пелени годишно.

3. Носете си ваша шолја со капаче или термос во кафетеријата каде што купувате кафе за носење и побарајте да ви наполнат во нив наместо во пластична чаша.

4. Престанете да користите пластични цевки. Доколку морате да користите, купете иноксно или стаклено цевче кое може да се мие.

5. Користете платнени или пластични торби коишто може да се користат повеќе пати, кога одите во супермаркет и на пазар. Годишно во САД се фрлаат околу 102 милијарди пластични кеси, а за да се разгради една кеса потребни се 1000 години.

6. Избегнувајте подготвените замрзнати оброци, бидејќи најчесто се запакувани во пластика.

7. Принципиелно избегнувајте гума за џвакање, бидејќи таа е главно направена од пластика.

8. Користете кибрит наместо пластични запалки или купете си метална запалка која може да се полни

9. Избегнувајте да користите пластична фолија за да ја завиткате останатата храна од оброкот. Наместо тоа користете кујнска крпа или хартија за печење.

10. Гответе со метални тави наместо со нелепливи. Тефлонот е најчестата облога којашто се користи за нелепливите тави, а тој е направен од флуорополимерна пластика.

11. Направете си ваши домашни препарати за чистење. Тие се помалку токсични, а исто така ќе можете и повеќе пати да ги искористите шишињата со прскалчиња, наместо секој пат да купувате ново, а старото да го фрлате.

12. Намалете го користењето на пластични виљушки и ножиња на излет и наместо нив користете виљушки и ножиња изработени од бамбус.

13. Купувајте храна на големо и доколку можете пакувајте ја во стаклени тегли или садови коишто се мијат и користат повторно. Така ќе заштедите пари и ќе го намалите непотребното пакување храна.

14. Носете си свои садови за овошје и зеленчук на пазар и побарајте да ви ги наполнат кога купувате.

15. Пакувајте го појадокот за работа во садови коишто се мијат и користат повторно. Избегнувајте храна спакувана во пластика за една употреба.

16. Направете си домашни лосиони за тело и раце, наместо да купувате фабрички спакувани во пластични шишиња. Кокосовото масло е одлична база за ваквите домашни козметики.

17. Заменете ги пластичните садови за пакување со стаклени контејнери.

18. Компостирајте ја храната што ја фрлате за да ја намалите потребата од пластични ќеси потребни за пакување на вашето ѓубре од остатоците од храната.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Луѓе откриваат со кои неочекувани последици (и придобивки) се соочиле откако ослабеле „Мене лично ми се јавија несигурности за други работи. Кога бев поголема, бев не...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg