11 чудни работи поради кои можете да бидете уапсени во Европа
Играње шах за време на секс во Талин
Во главниот град на Естонија постои ваква забрана. Навистина е бизарна и не знаеме дали Естонците имаат навистина толкава страст за шах.
Хранење на гулаби во Венеција
Хранењето на гулабите во овој италијански град можеби ви изгледа како сцена од бајките, но од 2008 година ако бидете фатени како го правите ова на плоштадот St Mark’s Square, може да добиете казна од 700 долари.
Носење на костими за капење на градските улици во Барселона
Барселона е град на туристите и има прекрасни плажи, но кога шетате низ улиците на овој град облечете нешто врз вашиот костим за капење за да не добиете казна.
Разгледување на историски знаменитости во високи потпетици во Грција
Во Грција не смеете да посетувате некои историски знаменитости со високи потпетици затоа што на тој начин може да им нанесете голема штета и да добиете казна.
Уринирање во океанот во Португалија
Не знаеме како полицијата во Португалија го регулира ова, но постои ваква законска регулатива.
Прочитајте и 11 начини на кои можете да бидете уапсени во Дубаи!
С. С. | Црнобело