111-годишен дедо вели дека тајната на долговечноста е одењето во теретана секој ден
Овој инспиративен дедо можеби ќе ве натера да станете од каучот и конечно да почнете да спортувате.
Хенри Ценг е 111-годишен маж кој сè уште оди во теретана секој ден. Секое утро половина час врти на статичен велосипед, па прави некои јога пози додека седи во неговата инвалидска количка и потоа стиска топчиња кои го ослободуваат од стресот.
Кога бил во 90-тите тој имал аеробик час секој ден во 6 часот наутро.
Хенри отсекогаш живеел здрав живот со пливање и многу спорт и немал пороци како пушење и алкохол.
Живеел во Хонгконг, па во Лос Анџелес, но каде и да одел во текот на животот не се откажувал од јогата.
Тој вели дека тајната на неговата долговечност е во позитивниот став кон животот, како и посветеноста на дневните физички активности.
Живее со ставот дека ништо не е невозможно во животот и кога ќе му се случи нешто лошо се труди да го заборави брзо.
Прочитајте и 105-годишна бабичка вели дека тајната на долговоченоста е да останете сингл!
С. С. | Црнобело