5 ситуации во кои љубезноста може да биде опасна

Од деца нè учат дека љубезноста е онаа која може да ни отвори многу врати и можности.

blog_traffic_jam_1540.jpg

Но, никогаш не сте размислиле дека постојат ситуации во кои љубезноста може да биде дури и опасна по живот.

Ако добро направите проценка, ќе сфатите дека во следниве 5 ситуации љубезноста е повеќе штетна, отколку корисна:

1. Кога пропуштате пешаци во гужва од автомобили

Можеби ви се чини како добра идеја да му дадете предност на пешакот, но што ако автомобилот во лентата до вас не го направи истото?

5-situacii-vo-koi-ljubeznosta-moze-da-bide-opasna-1.jpg

2. Давате предност при евакуација

Во ситуациите кога се спроведува евакуација најдобро е да не глумите херои и да ги следите инструкциите на личноста задолжена за редот. Во спротивно, ќе направите хаос и турканици.

5-situacii-vo-koi-ljubeznosta-moze-da-bide-opasna-2.jpg

3. Помош за работи за кои не сте компетентни

Има ситуации во кои колку и да сакате да помогнете, едноставно вашата некомпетентност да загрози повеќе животи, отколку да спаси. Зборуваме за ситуации во кои е потребно лице кое се разбира во медицина или пак лице кое има искуство со пилотирање. Тука нема простор за импровизирани.

5-situacii-vo-koi-ljubeznosta-moze-da-bide-opasna-3.jpg

4. Молчење кога непознат човек премногу ќе ви се приближи

Сакајќи да бидете љубезни и да не го навредите човекот кој можеби случајно се нашол преблизу до вас, честопати молчите, иако работите ви се сомнителни. Во овие ситуации најдобро е да бидете гласни и да бидете подготвени за самоодбрана.

5-situacii-vo-koi-ljubeznosta-moze-da-bide-opasna-4.jpg

5. Кога се работи за вашето здравје

Колку и да сакате да бидете полни со разбирање кон натрупаниот распоред на докторот, мора да направите напори доколку имате сериозна болка или сомнеж дека нешто не е во ред со вашето тело. Навременото откривање на здравствените проблеми е многу поважно отколку да оставите впечаток на напорна личност.

5-situacii-vo-koi-ljubeznosta-moze-da-bide-opasna-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg