Зошто некои луѓе не можат да спијат додека патуваат?

Ако сте од оние кои не можат ниту око да склопат кога се во превозно средство, сигурно многупати сте посакале да сте на местото на вашиот сопатник кој до крајната дестинација пристигнува одморен и освежен.

zoshto-nekoi-lugje-ne-mozhat-da-spijat-dodeka-patuvaat-01.jpg

За некои е сосема нормално да потонат во сон веднаш штом тргне автомобилот, автобусот или авионот. Но, има и такви на кои движењето им пречи, исто како и многубројните звуци по патот. Токму тие, патот го завршуваат како да се во бунило и благо дезориентирани.

Оние кои заспиваат, всушност се релаксираат бидејќи некој друг е одговорен за патот и тие можат да се одморат.

Другите пак, познати уште како анксиозни патници, сметаат дека треба да внимаваат на патот, да му бидат поддршка на оној кој вози, но секако, постојат и оние кои не можат да спијат само поради движењето.

zoshto-nekoi-lugje-ne-mozhat-da-spijat-dodeka-patuvaat-03.jpg

За волја на вистината, седиштето во автомобилот или автобусот не е место каде можете лесно да заспиете и тоа да биде ефективно. На овие луѓе едноставно им е потребна удобноста на стабилниот кревет и мирот и тишината во спалната соба.

Иако најверојатно ништо нема да помогне, доколку патувате долго, било да е рано наутро или во тек на ноќта, може да се обидете со неколку едноставни трикови.

На пример, покријте ги очите со маска за спиење, одржувајте ја температурата во возилото релативно ладна, поставете перница за патување на вратот или во краен случај, обезбедете пригушувачи на звук.

Не е идеално, но обидете се, можеби ќе ви успее за следното патување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg