Кои се најмрзливите држави во светот?

Светската здравствена организација спроведе студија во која ги следела стапките на физичка активност ширум земјите во светот.

dali-znaete-koi-se-najmrzlivite-drzhavi-vo-svetot-01.jpg

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,9 милиони луѓе од вкупно 168 држави кои пополнувале анкета за својата работа и физичка активност.

Во Европа, околу 31% од испитаниците постари од 15 години не се доволно физички активни, додека вкупно 50% од сите испитаници од Европа немаат минимална физичка активност која ги задоволува здравствените препораки на СЗО.

Според препораките на Светската здравствена организација, возрасните треба да издвојат најмалку 150 минути неделно на умерена физичка активност, односно 75 минути за интензивно вежбање, а за децата и младите потребни се најмалку 60 минути умерено до интензивно вежбање.

dali-znaete-koi-se-najmrzlivite-drzhavi-vo-svetot-03.jpg

По овој критериум, 10-те најмрзливи држави во светот се Кувајт, САД, Саудиска Арабија, Ирак, Бразил, Костарика, Кипар, Суринам, Колумбија и Маршалските Острови.

На прво место како најнемрзлива држава е Уганда, а потоа се Мозамбик, Лесото, Танзанија, Вануату, Того, Камбоџа и Мјанмар. Она што е важно да се напомене за овие држави е дека населението  тука претежно се занимава со физичка работа, па тоа и го зголемува нивниот индекс на физичка активност.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
„Најубавата работа ми ја кажа маж на смртна постела и ме трогна“ „Мој пријател на смртна постела ми кажа: ‘Aко има начин како да те чувам од друг...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg