Три типа на луѓе чии совети треба да ги послушаме во животот

Некогаш самите бараме совет од некого, а некогаш го добиваме и од оние кои не се повикани да го дадат.

chii-soveti-treba-da-gi-poslushame-vo-zhivotot-01.jpg

Најчесто, советите се добронамерни, но има и такви кои имаат друга позадина и кои може да донесат лош исход.

Според авторката Ејми Морин, која ја напишала книгата „13 нешта кои ментално силните луѓе не ги прават“, постојат три типа луѓе чии совети треба да ги послушате:

Луѓе на кои им значите

Овие секогаш ќе бидат искрени и никогаш нема да треба да се посомневате дали можеби се крие нешто друго зад нивните совети.

Мајката, таткото, блиските пријатели, брат или сестра, ова се луѓе кои не само што ќе ве советуваат, туку и ќе ве мотивираат да успеете во својата замисла.

chii-soveti-treba-da-gi-poslushame-vo-zhivotot-02.jpg

Стручни лица

Оние кои се платени за да ви ги даваат најдобрите совети, тоа и ќе го направат. Исто така, во оваа категорија спаѓаат и луѓе кои се стручњаци во својата област.

Нив можете да ги следите и набљудувате и да учите од нивните постапки и ставови.

Лица кои користат ваши услуги

На критиките од клиентите и работодавците најчесто реагираме со одбрана. Но, важно е и едните и другите да ги сослушаме што имаат да кажат.

Доколку имате свој бизнис, најдобри совети за подобрување ќе добиете токму од оние кои се директни потрошувачи и корисници на услугата, а не од колегите со кои заедно го градите бизнисот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg